Упатства до грчките царински служби по стапувањето на сила на Договорот од Преспа
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Независниата служба за јавни приходи на Грција, преку циркулар ги известува царинските служби за процедурите за размена, промените и праксите со Северна Македонија, по стапувањето на сила на Договорот од Преспа.
News-SR19-customsДокументот е со датум 13 март, содржи општ дел и дел со специјални упатстава за транзит, увоз, извоз, патници и превозни средства во кои детално се објаснети упатствата и насоките до царинските служби, а е сличен со циркуларот од грчкото МНР со упатства до јавните служби, испратен минатиот месец, јави дописничата на МИА од Атина.
На почетокот од циркуларот, објаснето е дека од 12 февруари уставното име на земјата е „Република Северна Македонија“, а краткото име „Северна Македонија“ и важи за сите употреби.
„Сите документи што ќе ги издава соседната земја (патни документи, лични карти, возачки дозволи, потврди итн), секаков вид на службена пошта и пропратен материјал што доаѓаат од властите на соседната земја што се со датум на издавање по стапувањето на сила на договорот, ќе треба да бидат со новото име и термините што се однесуваат на земјата, пишува во циркуларот и е објаснето дека за веќе постоечките документи предвидени е “техничи” и “политички” преоден период, согласно членот 1 (3) од Договорот од Преспа“.
“Техничиот” преоден период се однесува на документите за меѓународна употреба, за кои е предвиден рок од најмногу пет години, а “политичкиот” за документите за внатрешна употреба чија промена е поврзана со отворањето поглавја во процесот н преговри со ЕУ.
Во циркуларот е објасеното дека повеќе не важат имињата “Република Македонија” и “поранешна југословенска Република Македонија”, а во случај во официјалната службена пошта на властите од двете земји да нема придржување до правилната употреба на името и термините, службената пошта, нема да биде примена и ќе се враќа назад до испраќачот.
При увозот, според циркуларот, треба да стои кодот “МК: Северна Македонија” во делот што се однесува на земја испраќач или земја на потекло, додека пак во однос на трговските имиња и трговските ознаки објаснето е дека царинските служби не се обврзани да контролират, бидејќи врз основа на Договорот од Преспа, предвидено е формирање Меѓународна група.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×