Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) договори активности за олеснета трговија и за инвестиции во регионот  
Објавено на од во Економија
На седницата на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) во Трст, беше дефиниран акцискиот план за реализација на учеството на деловната заедница од регионот на претстојниот Самит за Западен Балкан, којшто во рамките на Берлинскиот процес, оваа година, ќе се одржи во јули во Познањ, Полска.
КИФ„На Самитот во Познањ, во рамките на бизнис форумот на којшто учество ќе учествуваат 30-те најголеми компании од регионот, по 5 од секоја од државите од Западен Балкан, како и претставници на најголемите корпорации од Европската унија, вклучувајќи повеќе од 50 германски и австриски компании, планираме да ја лансираме платформата за дијалог помеѓу деловната заедница од регионот на Западен Балкан со институциите на ЕУ кои се надлежни за политиките и прописите кои се однесуваат на деловното опкружување“, изјави Марко Чадеж, претседател на Коморскиот инвестициски форум и претседател на Стопанската комора на Србија.
Во рамките на платформата ќе се решаваат сите прашања од значење за стопанството, како што се олеснување на трговијата, унапредување на конкурентноста на економиите од регионот, скратување на траењето на прекуграничните процедури, како и подобрување на пристапот до финансии.
На состанок во Трст беше договорено во пресрет на Самитот во Познањ, во партнерство со „Financial Times“, кон крајот на јуни во Лондон да се организира бизнис форум на кој пред меѓународната инвестициска заедница регионот на Западен Балкан ќе биде претставен како единствена инвестициска дестинација и ќе бидат презентирани можностите за водење бизнис и за инвестирање во регионот.
Членовите на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) разговараа и за производите и услугите кои КИФ ќе ги понуди за компаниите кои работат регионално.
„Во насока на развивање нови производи и услуги на КИФ, договорено е да се работи на воспоставување заедничка регионална арбитражна институција, воспоставување заеднички кредитни бироа, како и воспоставување министерства за регионална соработка во рамките на владите во секоја од земјите на Западен Балкан“, посочи Бранко Азески, заменик-претседател на Коморскиот инвестициски форум и претседател на Стопанската комора на Македонија.
Пред започнувањето на седницата беше реализирана работна средба со генералниот секретар на ЦЕФТА, Емир Џикиќ, како и со претставници на ГИЗ (Германското здружение за меѓународна соработка), на која беше договорено да биде потпишан заеднички меморандум за соработка меѓу трите институции, во насока на спроведување заеднички активности за усогласување на придружната документација за прекугранично движење на стоките, заемно признавање на ветеринарните и фитосанитарните сертификати и креирање единствени точки за поддршка на компаниите кои сакаат да станат овластени економски оператори, со што значително би се забрзала регионалната размена.
КИФ ќе обезбеди целосна поддршка во примената на договорените решенија и во организацијата на состаноци на компаниите од регионот со претставници на царинските служби од сите земји од регионот на Западен Балкан. Истовремено, КИФ ќе се залага за прифаќање на нов пристап кон функционирањето на ЦЕФТА-Договорот и воспоставување на принципот на одговорност во ситуациите на постоење прекршувања на спогодбата со воведување на нетарифни бариери.
Чадеж и Азески по завршувањето на седницата во Трст, во Љубљана реализираа и работна средба со Блаж Бродњак, генерален директор на НЛБ Групацијата, на која беше разговарано за соработката која се воспоставува, која ќе овозможи НЛБ Групацијата, како водечка финансиска групација во регионот, која има свои подружници во пет од шесте држави од регионот на Западен Балкан, да обезбедува поповолни услови за користење на финансиските услуги за компаниите кои работат регионално, или за две или повеќе компании од регионот кои заеднички настапуваат на трети пазари. За таа цел, во идниот период ќе биде потпишан заеднички меморандум за соработка.
д-р Татјана Штерјова

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×