Управување со ликвидноста и cash gap
Објавено на од во луѓе и компании
financial-manager WEB 01Применливиот модел cash gap им помага на менаџерите да утврдат како нивните постапки влијаат на готовинскиот тек на компанијата.

Проблемите на најголемата хрватска и регионална компанија Агрокор за кои што имавме цела тема во минатиот број на Капитал, според тамошните аналитичари во голем дел се заради недоволно квалитетниот финансиски менаџмент воден од концернот последниве години. Агрокор има проблеми со ликвидноста, односно, со способноста да ги менаџира своите побарувања и обврски во моментов, и сега судбината ќе му ја решаваат неколку банки што се најголеми кредитори на компанијата.

 

Ова што се случува со Агрокор, уште еднаш само потврдува дека во денешното динамично опкружување, менаџментот повеќе од кога било мора да внимава на ликвидноста која го осигурува идното работење на компанијата. Сe помалку има на располагање готовина, а задача на секој успешен менаџер е да знае да управува со средствата на вистински начин. Кои алатки треба да се користат и на кој начин тие влијаат на зголемување на профитабилноста на компанијата?

Едноставно применливиот модел cash gap им помага на менаџерите да утврдат како нивните постапки влијаат на готовинскиот тек на компанијата.

Cash gap претставува број на денови меѓу плаќањето на добавувачите за купените производи или услуги и потребниот број денови тие да се продадат и наплатат од нашите купувачи. Cash gap може да се унапреди на следниве начини:

  • со зголемување на периодот на плаќање на добавувачите
  • со намалување на деновите на наплата од купувачите
  • со намалување на деновите на врзување на производите на залиха

Cash gap = број на денови на врзување на производите на залиха + денови на врзување на купувачите – денови на врзување на добавувачите.

Cash gap го покажува бројот на денови кога плаќањето на добавувачите не може да биде финансирано од редовното работење на компанијата, туку од други извори.

Cash gap директно влијае на приходот на компанијата

Користењето туѓ капитал вклучува допол-нителни трошоци за камата. Меѓутоа, и сопствениот капитал има своја цена, односно опортунитетен  трошок или друга корист која би можеле да ја оствариме доколку не би морале да ги вложиме парите во покривање на cash gap.

На пример, промената на бројот на денови на врзување на производите на залиха директно влијае на cash gap и на големината на добивката на компанијата. Во следниот пример евидентно е дека cash gap на компанијата е 80 дена.

Cash gap директно влијае на приходот  на компанијата. Доколку просечните обврски на компанијата се околу 36.500.000 денари, а цената на капиталот е 10% на годишно ниво, трошокот на капиталот ќе го добиеме на следниот начин:

  • 36.500.000/365 х 80 = 8.000.000 денари. Тоа е износ кој не можеме да им го исплатиме навремено на добавувачите
  • 8.000.000 х 10% = 800.000 денари е трошокот за капиталот и намалување на добивката на компанијата

Доколку го намалиме времето на врзување на залихите на 20 дена под претпоставка сите параметри да останат исти трошокот за капитал ќе биде следниот:

  • Cash gap се намалува за 20 дена и сега изнесува само 60 дена. Намалувањето на cash gap за 20 дена резултира со намалување на трошоците за капитал за 200.000 денари, односно сега изнесува 600.000 денари. Сево ова ни покажува дека добивката на компанијата ќе се зголеми за 200.000 денари.

Сево ова ни покажува колку е важно следењето на cash gap за профитаби-лноста на компанијата.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×