Урбано живеење: Кои се најпаметните градови во светот?
Објавено на од во lifestyle
Barcelona 912 WEB glavnaПодобрувањето на транспортот и енергетската ефективност се меѓу основните приоритети според кои се оценува колку еден град е паметен или не. Еве кои се најпаметните градови во светот според овие приоритети.

 

Претворањето на еден град во паметен најчесто се базира врз основа на воведувањето на иновации во три основни области. Тоа се транспорт, со цел да се подобри мобилноста на жителите, во што се вклучуваат и управувањето со водата, енергијата, квалитетот на воздухот и отпадоците, како и целосното подобрување на животот на луѓето кои живеат во градовите. Најзначаен напредок во модернизирањето на тие сектори и изградбата на целосно градски системи бележат Сингапур, Њујорк, Барселона, Осло и Лондон. Тие ги заземаат челните места во годинешното рангирање на Unacast.

singapore-skyline 912 WEB1. Сингапур

Сингапур го зазема челното место во рангирањето  на најпаметни градови во светот според рангирањето на Unacast. Во градот се распространети огромен број на сензори и камери, кои помагаат за добивање и анализирање во реално време на информации за автомобилскиот сообраќај и бројот на пешаци во различни места низ градот. На тој начин властите и органите на редот можат да ги пренасочуваат автобусите од јавниот градски транспорт за да се избегнат застои и гужви. Преку системите може да се предвиди ефектот од поставувањето на нови згради, и како тие ќе влијаат на комуникациските сигнали и застојот во сообраќајот. Властите планираат поставување на уште сензори, дури и во домаќинствата за следење на системите и уредите за дома. Тие ќе обезбедат уште многу показатели, чија цел е да се подобри енергетската ефикасност во градот.


New york 912 WEB2. Њујорк

Во Њујорк овие денови се одвива процес на воведување на брзи широкпојасни услуги кои треба да почнат да се користат во 2025 година. На тој начин, Њујорк ќе располага со најголемата и најбрза локална Wi-Fi мрежа во светот.
Преку неа, властите ќе можат во реално време да ги проследуваат информациите и показателите за квалитетот на воздухот, сообраќајот и потрошувачката на енергија.
Како дополнување на плановите за претворање на Њујорк во паметен град се планира и инсталирање на мрежа од камери и сензори по патишта, за да се подобри сообраќајот и за да се зголеми безбедноста по улиците.
Во борбата против престапниците, локалната полиција во соработка со експерти за урбано планирање воспоставија систем, кој ги регистрира звуците од истрел со пиштол, ги локализира и веднаш испраќа сигнал до полицијата.


Barcelona 912 WEB3. Барселона

Во градот има извонредно интелигентно LED улично осветлување, за да помогне за намалување на потрошувачката на енергија. Властите воведоа и интелигентен систем за напојување, кој се базира на сензори во почвата, кои ги анализираат реализираните и прогнозираните врнежи на дожд и го менуваат начинот на работа на прскалките во парковите со цел да се штеди водата за наводнување на јавните површини и парковите.

Иновативното управување со водните ресурси резултира со 25% повеќе заштедена    вода и му заштедува на градот повеќе од половина милион долари годишно. Следната цел на властите во Барселона е да ја извојуваат битката со автомобилскиот сообраќај пренасочувајќи го кон периферијата, додека централната зона се планира да се претвори во пешачка зона. Како дополнување планирана е изградба и на 200 километри велосипедски патеки.


oslo, norvegia4. Осло

Основен приоритет за градот Осло е енергетската ефикасност. Голем дел од граѓаните во Осло и повеќето од училиштата се греат од изгорување и преработување на домашен и индустриски отпад. Стремежот на градот да го претвора отпадот во енергија е толку голем  што веќе се наложува да се носат дополнителни отпадоци за преработка.

Покрај основните ремонти на транспортната мрежа во Осло беа вградени многу сензори кои даваат информации за слободните и зафатени паркинг места, како и за оптовареноста на сообраќајот, со цел да можат да се преземат соодветни мерки за контролата на транспортот во реално време. Градот располага со една од најголемите мрежи на електрични превозни средства и станици за напојување.


London 912 WEB5. Лондон

Лондон има цела адаптирана стратегија со која тој треба да прерасне во технолошки и паметен град, Тоа вклучува создавање на платформа, преку која жителите можат да даваат повратни одговори и корисни идеи и предлози, но и да го оценуваат напредокот на трансформацијата. Преку мобилна апликација, на пример, можат да сигнализираат за проблеми со квалитетот на животната средина, испраќајќи информации и снимки или видеа. Граѓаните можат да проверуваат онлајн каде и колку слободни велосипеди има на користење, кои се обезбедени од градските власти.

Градот засилено инвестира и во изградба на безжична бесплатна WI-FI мрежа на јавните места, а преку вградени сензори добива информации за сообраќајот и паркинг местата. Истовремено, властите во Лондон стимулираат млади компании и стартапи да разработуваат иновативни проекти во корист на градот, организирајќи безброј јавни конкурси за таа цел.

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×