Уредникот на New York Times ги советува вработените да не објавуваат коментари на социјални мрежи за масакрот во Орландо
Објавено на од во Политика

Филип Корбет, главниот уредник во The New York Times, ја потсети својата редакција дека во однос на масакрот во Орландо, тие не треба да ги користат своите профили на социјалните мрежи да коментираат околу настанот, да ги промовираат своите политички погледи или пак да заземаат страни околу контроверзни прашања.

Капитал во целост ви го пренесува мејлот кој тој го испрати до своите вработени:

Колеги,

corbett.190.1Во средината на претседателската кампања и после ужасните настани во Оралндо, можеби е добро време да ве потсетам за вашите споделувања на социјалните мрежи.

На вашите лични профили на социјалните мрежи, вработени на Times би требало да избегнуваат коментирање, промовирање на вашите политички погледи или пак заземање страна околу жешките прашања. Особено ако лично не сте вклучени во покривање на овие теми, оти нашите колеги работат напорно да го одржат кредибилитетот на The Time и не би требало да правиме работи со кои само дополнително ќе им ја отежнеме нивната работа.

Луѓето кои го читаат Times и ве следат вас онлајн, очекуваат од нас ние добро и доследно да ги информираме. А коментарите во врска со настаните треба да им ги оставиме на нашите колеги кои пишуваат во нашиот дел за Коментари.

Доколку имате некакви прашања слободно контактирајте ме.

Ви благодарам,

Фил.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×