УСАИД и „Стартап Македонија“ ги открија недостатоците во домашниот стартап екосистем
Објавено на од во Компании

Додека 75% од стартап компаниите во земјава имаат недостиг на знаења за продажба, само 35% од организациите формирани за нивна помош нудат ваков тип на поддршка, покажува првото големо истражување на македонскиот стартап екосистем спроведено од “Стартап Македонија“ со поддршка на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем.

11-Things-to-think-about

 

 

 

 

 

 

Македонскиот стартап екосистем мора да зајакне за да може да се натпреварува со стартапите од ЕУ. Можности за раст постојат, но прво мора да се подобри отворениот дијалог помеѓу самите стартапи и организациите за нивна поддршка, е генералниот заклучок на првото мапирање на домашната стартап сцена.

Пред неколку денови во Скопје беа презентирани резултатите од истражувањето за состојбата на стартап екосистемот во Македонија, спроведено од Стартап Македонија, со поддршка на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем. Истражувањето се базира на методологија од Startup Commons, интернационална организација која гради стартап екосистеми во Естонија, Канада, Малезија и други земји.За целите на истражувањето, од јануари до април 2018 година беа интервјуирани 65 стартап компании и 20 организации за поддршка на стартапи – инкубатори, акцелератори, тренинг центри, итн. Главните проблеми што Стартап Македонија ги идентификуваше со истражувањето се ниската ефективност на услугите кои компаниите ги добиваат од организациите за поддршка на стартапи, јазот помеѓу потребите на компаниите и услугите што организациите ги нудат, недостигот на заедничка развојна рамка и недоволна соработка меѓу чинителите во екосистемот.

„Како што мапирањето на екосистемот покажа, и покрај големиот потенцијал на стартапите во Македонија, овдешното опкружување не е најадекватно за нивниот раст“, вели Мирјана Македонска, директор на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем. Таа смета дека фрагментираниот екосистем прави услови во коишто компаниите имаат тешкотии кон пристапот до финансии, додека пак инвестициските фондови тешко успеваат да ги идентификуваат стартапите кои стигнале до доволна фаза на развој.

„После ова мапирање, евидентна е потребата од адекватни услови во поглед на менаџирање, продажба и пристап до финансии. Но, и покрај сите недостатоци, постоењето на можности за подобрување на екосистемот е доволна мотивација за понатамошна работа на сите засегнати чинители, вклучувајќи го и Проектот“, истакна Македонска.

*Повеќе за заклучоците и препораките од истражувањето ќе може да прочитате во изданието на магазинот Капитал што ќе излезе на 22.06.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×