УСАИД со поддршка на подобрување на бизнис климата за ИКТ компаниите во Македонија
Објавено на од во Економија

УСАИД ИКТ 1Денеска, Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива одржа форум за подобрување на бизнис климата во Македонија преку поттикнување на општествени и економски промени. Целта на форумот беше да се презентираат и дискутираат теми поврзани со даночната регулатива, даночната политика и работните односи кои се специфични за ИКТ (информациски и комуникациски технологии)секторот, како и да се презентираат и анализираат проблемите и предизвиците со кои компаниитеза ИКТ се соочуваат со данокот на додадена вредност (ДДВ) и данок на добивка и персонален данок од една страна, како и обезбедување работна сила во ИКТ секторот преку квалификација, доквалификација и преквалификација на кадри, истовремено соочувајќи се со предизвикот за тоа како да се задржат ИКТ експертите во Македонија.

„ИКТ индустријата е еден од нај брзорастечките сектори во Македонија и има огромен извозен потенцијал. Уште поважен е фактот дека обезбедува можности за вработување на високо едуцирани млади, со плати двојно над просекот во државата. Но, индустријата исто така се соочува со специфични предизвици поврзани со глобалната мобилност на работната сила од овој сектор и брзата промена на квалификациските побарувања на индустријата. Преку оваа конференција и активностите кои ќе ги организираат МАСИТ и другите стопански комори, ќе имате можност да дадете свој придонес околу даночната политика и регулативата поврзана со работни односи кои ќе му овозможат на ИКТ секторот непречено да расте и да овозможи подобри можности за работоспособното население во државата“, изјави директорот на Канцеларијата за општ развој на УСАИД во Македонија Едвард Гонзалез.

„МАСИТ, како гласноговорник на ИКТ секторот во Македонија, активно се вклучува во обидот да ги премости проблемите и предизвиците со кои ИКТ компаниите во Македонија се соочуваат секојдневно. Настанот е организиран како одговор на потребите на компаниите за подобрување на даночната регулатива и статусот на работната сила од ИКТ секторот, со цел да продолжи растот на ваквите бизниси“, изјави заменик претседателот на управниот одбор на МАСИТ Анета Антова Пешева.

„Паралелно со земјите од регионот Македонија треба да се стреми да овозможи една конкурентна средина за ИКТ компаниите, кои ќе ја следат глобалната динамика на овој сектор и ќе овозможат услови за развивање и задржување на висококвалификувани домашни кадри. Неопходна е подобра комуникација помеѓу сите чинители, институционална поддршка ипоедноставување на секојдневните процедури, како и овозможување на услови за подобрување на знаењата и капацитетите на ИКТ кадрите. Сите овие активности треба да бидат насочени кон подобрување на општата бизнис клима за функционирање на домашните ИКТ компании и зајакнати капацитети за конкурентен настап на странските пазари. Голем дел од овие активности веќе се поддржуваат од страна на проектот и отвораат нови можности за развој на бизнисите во Македонија.“ изјави директот на ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал.

За време на панел дискусиите, сите присутни активно учествуваа во развојот на соодветни предлози за потребните промени во бизнис регулативата и земаа клучна улога во креирањето на соодветни решенија за овие предизвици.

Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива е четиригодишен проект со буџет од 1.9 милиони долари кој има за цел да ја подобри бизнис регулативата и да им помогне на малите и средни претпријатија полесно да ја следат и имплементираат честопати комплексната и неповолна регулатива. Проектот го спроведува ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал во партнерство со Стопанска комора на Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанската комора на северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×