Уште еден лош ден на Македонската берза: пад на индексот од 6,5%
Објавено на од во Компании
МБИ-10 од почетокот на кризата пред дваесетина дена загуби 35% од вредноста.
 download
Денеска, последниот ден на тргување од оваа недела заврши со пад на берзанскиот индекс МБИ-10 за 6,48% и сега неговата вредност изнесува 3.257 поени. Ова е за речиси 35% помала вредност од највисоката вредност од 5.000 поени што индексот ја имаше последниве неколку години, во февруари годинава. Откако почна кризата поради коронавирусот во светот и се пренесе и во земјава, акциите на Македонска берза почнаа секојдневно да губат од вредноста, со ретки исклучоци на позитивна вредност на крајот од дневните тргувања.
Денеска, меѓу најликвидните акции на Берзата  најголеми “губитници“ се акциите на НЛБ банка, со пад од 10%, Македонијатурист од 9,98%, ТТК Банка од 9, 92%, Макпетрол од 9,43%, итн. „Најдобро“ поминаа акциите на Стопанска банка Скопје со пад од 0,82%, Македонски Tелеком со 1,53%, Гранит со 2,75% и Алкалоид со пад од 3,86%.
Луѓето од инвеститорската фела што ги консултиравме деновиве, велат дека не треба да се паничи во овие околности и да се носат рационални одлуки.
„Поаѓајќи од претходни искуства на движењата на пазарите на капитал во услови на рецесија на економиите, може да се заклучи дека инвеститорите треба да носат рационални одлуки и овие падови да ги искористат за дополнителни вложувања кои ќе им обезбедат подобар принос во наредниот период. Затоа сметам дека инвеститорите не треба да носат емотивни одлуки, да останат доследни и дисциплинирани во инвестирањето и на тој начин да ги максимизираат ефектите.“, изјави за Капитал директорот на друштвото за управување со инвестициски фондови, КБ Публикум, Горан Марковски. Повеќе на оваа тема може да прочитате на следниов линк.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×