Уште една добра година: Македонската берза со пораст на индексот за 30% во 2019
Објавено на од во Компании
Последниве три години МБИ – 10 пораснал кумулативно за дури 111%.  Лани акциите на Комерцијална банка најтргувани, а  најголема заработка со оние на Макпетрол
Interest-Rate-Rise-1024x667
Берзанскиот индекс МБИ-10 минатата година имаше раст од 30%, што значи уште една година на многу добар раст на индексот, по 2018 кога имаше раст од 36,6% и во 2017, исто така раст, од 19%. Кумулативно, МБИ-10 во последните три години има пораснато за цели 111,24%.
Акциите на Комерцијална банка со промет од 972,27 милиони денари (15,8 милиони евра) се најтргувани минатата година на Македонската берза, преку 3.621 трансакција, при што се тргувани 172.042 акции вкупно. Од податоците расположливи на сајтот на Македонска берза се гледа дека зад нив според ликвидноста се акциите на Алкалоид, со промет од 628,5 милиони денари (10,2 милиони евра) и Макпетрол со 600,7 милиони денари (9,8 милиони евра).
Во првите десет најликвидни хартии од вредност за 2019 година се уште и акциите на НЛБ Банка, Гранит, Стопанска банка – Скопје, ТТК Банка, Охридска банка, Стопанска банка – Битола, како и обврзниците за денационализација.
Од најмногу тргуваните акции минатата година, најголема разлика помеѓу цената на почетокот и крајот на годината има кај акциите на Макпетрол, од цели 62,5%, пред акциите на Алкалоид со раст од 45%, на Стопанска банка Битола со 44%, итн. Пад во цената има кај акциите на Охридска банка, од 22,1% и минимално кај Стопанска банка од 1,63%.
Ако пак се прегледаат разликите помеѓу најниската и највисоката цена што десетте најтргувани акции ги постигнале во 2019 години, повторно предничи Макпетрол со 67,9%, пред Стопанска банка Битола со 47,5%, Алкалоид со 45%, Гранит со 44,7%, итн.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×