Усогласен буџетот на Еврозоната
Објавено на од во Економија
Министрите за финансии на земјите членки на Еврозоната рано изутринава го усогласија Буџетот на Европската монетарна унија, соопшти францускиот министер за финансии Бруно ле Мер по завршувањето на 12-часовниот министерски состанок.
еурозоне„Оваа ноќ го остваривме она што си го поставивме како цел: создавање на вистински буџет на Еврозоната… Првпат имаме оперативен буџет, кој ќе помогне за зближување на земјите од Еврозоната и за нивна поголема конкурентност. Тоа е напредок“, нагласи Ле Мер.
Според него, со вака усогласениот буџет членките на Еврозоната „првпат ќе почнат да мислат за иднината со заеднички активности и ќе ги координираат своите економски политики“.
Новиот пристап во буџетот на Еврозоната беше инициран од Франција, која се залага за посилна економска интеграција на блокот, но на ваквите реформи во голема мерка се противеше Холандија, која стравува од последиците од евентуална нова криза во финансиски понестабилните членки на Унијата, како Грција, Италија или Шпанија.
Со усогласениот компромис, буџетот на Еврозоната, по барање на Холандија, не се нарекува со ова име, туку е именуван како „Буџетски инструмент за конкурентност и конвергенција“.
Извори од француската делегација на состанокот соопштија дека министрите ги усогласиле сите компоненти на буџетскиот инструмент, но не и неговиот обем, што е оставено за подоцна.
Усогласениот предлог на буџетот на Еврозоната треба да биде одобрен од страна на шефовите на држави или влади на ЕУ, на самитот предвиден за следната недела во Брисел.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×