Успешно лансирана ракетата Falcon Heavy, со Roadster-от на Илон Маск во неа
Објавено на од во hi-tech & business

Првиот тестен лет на ракетата Falcon Heavy на компанијата на Илон Маск, SpaceX, успешно почна. Најголемата ракета на денешницата беше лансирана од Вселенскиот центар Кенеди, на Флорида, и со себе го понесе автомобилот Tesla Roadster од првата генерација. На автомобилот, кој е во лична сопственост на Маск, поставени се три камери од кои се очекуваат спектакуларни кадри. Во возилото седи кукла, наречена Starman, а за сѐ да биде во стил, во Tesla Roadster–от ќе свири Life on Mars на Дејвид Боувина „рипит“. tr

По лансирањето, како што најавија од SpaceX, ќе се направи обид Roadster–от да се насочи во елиптична орбита околу Сонцето, сместена меѓу Марс и Земјата.

„Ми се допаѓа помислата за автомобил што бесконечно се врти низ вселената. Можеби ќе го открие некоја вонземна раса во иднината“, порача на Твитер Илон Маск.

Falcon Heavy има 27 мотори, изграден е од три Falcon 9 ракети –една централна, и две од страните што служат како засилување, и е најсилно вселенско летало лансирано од САД откако NASA со Saturn 5 последен пад превезе астронаути на Месечината пред 45 години.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×