Уставен одлучи дека земјоделските субвенции може да се исплаќаат
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Уставниот суд на денешната седница донесе конечна одлука за укинување на оспорените одредби од Изборниот законик и од Законот за спречување на корупцијата, со што треба да се овозможи исплата на земјоделските субвенции.

Одлуката на Судот ќе важи од денот на објавување во Службен весник на Република Македонија.

Минатата недела Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста, односно донесе времена мерка за запирање од извршување на оспорените одредби со кои се забрануваше исплатата на земјоделските субвенции до формирањето на новата влада.

Иницијативата до Уставниот суд беше поднесена од земјоделското здружение „Агротиквешија“ со која се бараше оспорување на членот од Изборниот законик, според кој е забранета исплата на субвенции до формирање нова влада.

И покрај врeмената мерка, согласно деловникот на Уставниот суд, Министерството за финансии немаше законско право да ги исплаќа субвенциите до носење на конечна одлука од страна на Судот.

По официјално објавување на конечната одлука на Уставниот суд, од Министерството велат дека ќе нема законски пречки и ќе пристапат на исплата на субвенциите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×