Уставен одлучи: Претседателот ќе може да помилува осудени за изборни нерегуларности
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Уставниот суд даде зелено светло за промена на Законот за помилување, со која повторно му се дава право на претседателот да помилува лица осудени за изборни нерегуларности.

Со тесна разлика, пет гласа „за“ и четири “против“ Уставниот суд гласаше по иницијативата која беше вчера доставена до овој суд. Иницијативата ја поддржаа судиите Никола Ивановски, Елена Гошева, Јован Јосифовски, Вангелина Маркудова и Владимир Стојановски.

Само за потсетување, овој Закон  во 2009-та го потпиша поранешниот претседател Бранко Црвенковски, а во кој се наведува дека претседателот нема повеќе да има надлежност да помилува лица кои ќе бидат осудени за изборни нерегуларности.

Но со сега изгласаната одлука на Уставниот суд, претседателот повторно ќе може да помилува лица кои ќе бидат осудени за изборни нерегуларности.

Инаку, ова барање дојде откако Специјалното обвинителство го отвори предметот „Титаник“ со кој се истражуваат изборни нерегуларности во кои се вмешани актуелни и поранешни функционери.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×