Уставните измени влегоа во последна фаза
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Законот предвидува дебатата да трае максимум дванаесет дена, но како што тврдат собраниски извори се очекува целата процедура да се одвива многу побрзо и да заврши неделава.

 Собрание РМ

 

 

 

 

 

 

На пленарна седница македонското Собрание денеска ќе расправа за последната фаза од уставните измени за ратификација на Договорот од Преспа.

Законот предвидува дебатата да трае максимум дванаесет дена, но како што тврдат собраниски извори се очекува целата процедура да се одвива многу побрзо и да заврши неделава.

На дневен ред се утврдување на Предлог амандманите 33,34,35 и 36 на Уставот на Република Македонија, нивно донесување и прогласување. На седницата пратениците ќе го гласаат и Уставниот закон за спроведување на амандманите за измена на Уставот.

Амандманите за измена на Уставот се донесуваат со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Од опозициската ВМРО – ДПМНЕ најавија дека воопшто нема да учествуваат на дебата, а премиерот Зоран Заев ги привршува преговорите со Движењето Беса кои ја условуваат поддршката за гласањето со свои амандмани.

Вчера Заев успеа да ги реши несогласувањата со Алијансата на Албанците прифаќајќи го нивното барање за измени на Преамбулата на Уставот, каде што  се однесува на делот на преамбулата „граѓаните коишто живеат во границите“, посочувајќи дека конечната формулација ќе биде „граѓаните на Македонија, македонскиот народ и дел од албанскиот народ, дел од турскиот народ, дел од влашкиот народ…“.

По ратификацијата на Договорот во македонскиот Парламент, процесот се сели во Грција. Од владејачката СИРИЗА велат дека за разлика од македонските политички игри без граници, во Атина се очекува целата процедура да помине многу брзо и покрај тоа што тамошната опозиција најавува дека нема да го поддржи Договорот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×