Усвоен закон со кој се исполнуваат барањата на поранешните и сегашните вработени на „Еурокомпозит“
Објавено на од во Економија

Владата го усвои и до Собранието го достави Предлог законот за претворање на побарувањето на Република Северна Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во Друштво за производство на производи со посебна намена „11 Октомври – Еурокомпозит АД“ Прилеп, со што се исполнуваат барањата на поранешните и сегашните вработени на ова претпријатие во државна сопственост.

eurokomppozitСо ваквото решение ќе бидат надоместени заостанатите долгови по однос на придонес за пензиско и инвалидско осигурување на вработените, со што, како што велат, се исправа повеќегодишната неправда кон вработените и ќе им биде евидентиран остварениот работен стаж во компанијата за да можат соодветно сите сегашни и поранешни вработени да го остварат правото на пензија согласно минатиот труд.

„Со овој закон се уредува начинот и постапката за претворање на побарувањата на Република Северна Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во Друштво за производство на производи со посебна намена „11 Октомври – Еурокомпозит АД“ Прилеп“, велат од владата.

Законот е доставен до Собранието на Република Северна Македонија и во согласност со агендата на Собранието, од Владата очекуваат да биде усвоен во што е можно покус временски рок.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×