Утре ќе се одржи финалето на „Европскиот квиз на парите“
Објавено на од во Економија

Европскиот квиз на парите за првпат се одржува во нашава земја и има за цел финансика  едукација на младите. Во националниот натпревар зедоа учество околу 3.000 ученици од основните и средни училишта. 

квиз на паритеУтре со почеток во 15 часот ќе се одржи финалниот национален натпревар на „Европскиот квиз на пари“, по кој ќе бидат познати двајцата наши претставници, кои ќе не претставуваат на европското финале во Брисел, Белгија.

Натпреварот и свеченоста на  прогласување на националниот победник ќе се одржат на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

На настанот, куси пригодни обраќања ќе имаат: г-а Ирена Кикеркова од Економскиот факултет, заменик министерот за образование и наука, г. Петар Атанасов, главниот економист на Народната банка, г-а Анета Крстевска, г. Зоран Колев од Комисијата за хартии од вредност и претседателот на Македонската банкарска асоцијација, г. Коста Митровски.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×