Утре поладне Бејли и Орав ќе објават дали има услови за фер избори на 24 април
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

ЕУ и САД, сепак, утре ќе ја соопштат оценката дали има услови за одржување кредибилни избори на 24 април, потврдиле за МИА од Амбасадата на САД во Скопје. Инаку, меѓународната оценка се очекуваше денеска.

Евроамбасадорот Аиво Орав, завчера, одговарајќи на новинарско прашање, изјави дека проценката сѐ уште е во подготовка.
„Од една страна 24 април е дел од Договорот како ден за предвремени избори, но од друга страна има многу задоцнувања во имплементацијата на Договорот од Пржино“, рече Орав.

Тој потсети дека оценката ќе се однесува на три области – на подготовката за изборите од страна на Државната изборна комисија и за Избирачкиот список; за медиумите; и за одвојувањето помеѓу државата и партијата.

По неуспехот на преговорите за медиумите, за што финалниот обид пред оценката на ЕУ и САД беше направен вчеравечер, проценките се дека меѓународната оценка ќе биде дека нема услови за фер и кредибилни избори на 24 април.

Според извори од Европската комисија, оценката на ЕУ и САД ќе биде објавена утре попладне, а ќе ја презентираат амбасадорите Аиво Орав и Џес Бејли во кусо обраќање до јавноста, откако ќе ја достават до премиерот Емил Димитриев и до четирите политички партии.

 

 

One thought on “Утре поладне Бејли и Орав ќе објават дали има услови за фер избори на 24 април

  1. Срамота е да објавувате вакви наслови во вашето ценето списание. Насловот е дека странци ќе објават дали има услови за фер избори. Дали толку ја потценувате нашата држава што и го пишете епитафот со тоа што ги правите странците кои и да се толку важни? Во Македонија одлучуваат Македонците дали и кога и како ќе има избори. Насловот требаше да ви биде Странците се осмелуваат да им проповедаат на нашите граѓани како да си ја водат државата. Капитал е изгледа воден од …капитал па не би рекол дека сум изненаден, само малку разочаран во вашата недоверба во Македонскиот народ и секако нивната држава.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×