Утре рочиште за “Маѓар Телеком”, СЈО го презема случајот со корупција на високи политичари во Македонија
Објавено на од во Економија

Magar TelekomМегаскандалот Маѓар Телеком е поврзан со сомнежи дека со високоплатени коруптивни договори пред десетина години била спречена либерализација на македонскиот телекомуникациски пазар.

 

За утре (27 ноември) е закажано рочиште за случајот “Маѓар Телеком” и за првпат предметот ќе го застапува обвинител од Специјалното јавно обвинителство , потврдуваат за “Капитал” од СЈО.
Катица Јанева неодамна во медиумите потврди дека СЈО воспоставило надлежност врз предметот и дека од сега па натаму, наместо редовното Обвинителство, предметот ќе го застапуваат тие.
Неофицијално, можно е истрагата утре да биде проширена и на домашни функционери кои примале мито, а кои досега не беа вклучени во истагата која ја водеше ОЈО.
СЈО водеше и предистражна постапка за случајот, која, најверојатно, ќе биде дел од тезата што ќе се обидат да ја докажат. Скопското Обвинителство долго време не му го даваше на СЈО предметот „Маѓар телеком“ со образложение дека не се поврзани ниту, пак, произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Претходното судско рочиште за овој предмет беше одложено заради службено отсуство на надлежниот обвинител oд скопското Јавно обвинителство, Ермон Незири. Во предметот обвинети се тројца ексдиректори во „Телеком“, Атила Сендреи, Ролф Плат и Золтан Кишјакус, за злоупотреба на службената положба. Тие седум години се недостапни за органите на прогонот.
Во обвинението стои дека обвинетите наводно воделе тајни договори со тогашниот македонски премиер Владо Бучковски и со други лица од Македонија за да ја спречат конкуренцијата на телекомуникацискиот пазар.

Случајот “Маѓар Телеком” е отворен од страна на Основното Јавно обвинителство уште во 2009 година, но седум години подоцна тој стои речиси закочен во судските лавиринти.
Иако случајот Маѓар Телеком е формално отворен во Обвинителството откако полицијата поднесе кривични пријави против поранешни странски директори во „Македонски телеком“, истрагата никогаш не била проширена на домашните актери. И додека предметот “Маѓар Телеком” во Македонија е се уште во фаза на доказна постапка, односно сослушување сведоци, во САД тој доби конкретна завршница.

Во првиот процес што се водеше во Окружниот суд во Њујорк во декември 2011 компанијата „Маѓар телеком“ се согласи да плати глоба од 95 милиони долари за да ги реши казнените и кривичните пријави дека компанијата поткупувала функционери во Македонија и Црна Гора за да ја исклучи конкуренцијата во телекомуникациската индустрија.

Истрагата во американскиот суд го покрива периодот од 2000 до 2005 година, кога наводно според информациите од интерната истрага на Дојче Телеком преку Маѓар Телеком биле исплатени околу 40 милиони долари на консултантски и лоби компании за да се спречи либерализацијата на телеком пазарите во Македонија и Црна Гора.

Во април 2017 година американската SEC објави дека поранешните директори во Маѓар Телеком, Елек Штаруб и Андрас Балог се согласиле да платат казни од 250 илјади долари, односно 150.000 долари во цивилни постапки. Во февруари 2017 година, и трет директор од Маѓар, Тамас Морваи се согласил да плати казна од 60.000 долари. Според информациите од SEC, тројцата директори ги прекршиле правилата со “склучување на консултантски договори со субјекти поседувани и контролирани од грчки посредник” за да извршат исплати од околу 5,3 милиони долари, за кои знаеле или би требало да знаат дека ќе завршат кај македонски официјални претставници.

Маѓар Телеком, кој е во сопственост на германскиот Дојче Телеком, поседува 51% од Македонски Телеком преку фирмата Каменимост Комуникации, додека македонската држава поседува 38% од компанијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×