Утре средба меѓу српските и косовските власти за укинување на таксата кон Србија
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Претставници на Владата одбиваат да се изјаснат во врска со средбата, додека висок претставник на Демократската партија на Косово (ПДК) на Весели за „Зери“ изјави дека се очекува средбата да резултира со „договор кој гарантира дека односите со САД нема да се загрозат“.

hasim-taci-ramus-haradinaj_ls

Претседателот на косовското Собрание Кадри весели утре ќе биде домаќин на состанокот со премиерот Рамуш Харадинај и амбасадорот на Соединетите Американски Држави, Филип Коснет, на кој ќе се разговара за американското барање упатено до косовската Влада за укинување на царината  од 100% на увозот од Србија и Босна и Херцеговина.

Од друга страна, опозициски пратеници тврдат дека таксата треба да остане во сила, но нагласуваат дека е потребно Владата да ја аргументир својата одлука пред меѓународната заедница.

Освен од САД и Европската унија, се позачестени се барањата и од самите членови на Владата и од коалиционите партии, како и од претседателот на државата Хашим Тачи, кој очекува царината веднаш да се укине за да можат да продолжат и да се финализираат преговорите со Србија за нормализација на односите меѓу двете земји.

Иако се повеќе расте и притисокот за укинување на царините, како од надвор, така и од внатре, Харадинај е упорен дека владината одлука ќе остане во сила се додека Србија не го смени односот кон Косово и не ја признае неговата независност.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×