Вајгл е во Скопје да разговара за проектот Жан Моне
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Европратеникот Иво Вајгл, кој денеска и утре има средби со претставници на парламенатарните партии во Собранието на Република Македонија, изјави дека целта на неговата посета е да се разговара за проектот „Жан Моне“.

„Би сакале да разговараме за проектот „Жан Моне“ на Европскиот Парламент, што значи подигнување на дијалогот на политичките играчи во Македонија и интеракција со парламентарците од Европскиот Парламент“, рече кусо Вајгл во изјава за медиумите.

Она што го очекува, како што кажа, „е само добро, кога е во Скопје“.

Вајгл претходно имаше средба со претседателот на Парламентот Талат Џафери.

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл, денеска се среќава со претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, и со координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски и на БЕСА, Африм Гаши, како и со Мерал Узеири Ферати од ДПА.

Гостинот од ЕП, утре претпладне, во македонскиот Парламент има средби со координаторот на СДСМ, Томислав Тунтев, на ДУИ, Ејуп Алими, со Сурија Рушиди од Алијанса на Албанците.

Европратеникот Вајгл во Скопје ќе има состанок и со експерти на ЕУ за заеднички проект на ЕП и Собранието на Македонија.

Предвидено е на крајот од средбите во македонскиот Парламент европратеникот Вајгл да даде изјава за медиумите.

Неодамна се појави идејата на тројцата европратеници – Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, кои предложија претставници на македонските партии да учествуваат на средби во Франција, во куќата на таткото на ЕУ, Жан Моне, на кои, низ дијалог би се постигнал консензус за најважните прашања поврзани со интеграциските процеси на Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×