По изјавата на еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан, заедничка изјава за загриженост за состојбата во Македонија испратија и олеснувачите во преговорите меѓу власта и опозицијата, известувачот на Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл, и европратениците Едвард Кукан и Ричард Ховит.
“Длабоко сме загрижени во врска со настаните што се случија во Куманово овој викенд. Ние ги осудуваме сите акти на насилство против јавниот ред и ситеобиди да се дестабилизира ситуацијата во земјата.
Ние би сакале да изразиме длабоко сочувство до семејствата на луѓето кои ги загубија своите животи овој викенд. Овие настани треба да бидат предмет на соодветна и транспарентна истрага во согласност со владеењето на правото. Ние, исто така, би сакале да побараме од македонската јавност да не се дозволи понатамошна ескалација на тензиите“, се вели во заедничката изјава.
Европратениците ги повикуваат и сите политички лидери да се однесуваат одговорно и да се воздржат од какви било изјави или акции кои може да ја дестабилизираат земјата.
„Ги повикуваме политичките лидери на земјата да се однесуваат одговорно и да се воздржат од акции или изјави кои може да ја поткопаат стабилноста на земјата. Ние уште еднаш повторуваме дека сите обвинувања за злоупотреби кои беа објавени во јавноста треба да бидат темелно истражени и оние кои се одговорни треба да биде повикани на одговорност за своите постапки, со целосно почитување на принципите на транспарентност, непристрасност и презумпцијата на невиност“, пишува во соопштението.
Вајгл, Кукан и Ховит, со писмото изразуваат и подготвеност да продолжат со процесот за олеснување на дијалог, кој, како што велат тие, ќе довет до де-ескалација на политичките тензии и ќе ги реши проблемите во политичкиот систем во Македонија.
„Наш заеднички интерес е да ја видиме Македонија назад на патеката на евроатлантските интеграции. “