Вајгл, Кукан и Флекенштајн во посета на Македонија – ќе се заложат за фер и демократски избори
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Известувачот на Европарламентот за Македонија, Иво Вајгл, заедно со европратениците Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн, денеска ќе претстојуваат во еднодневна посета на земјава и ќе се сретнат со претставници на политичките партии, со специјалната обвинителка Катица Јанева и со претставници на граѓанското општество.

Известувачот Вајгл, вчера, пред посетата на Македонија, во разговор со дописникот на МИА од Стразбур, изрази оптимизам дека изборите закажани за 11 декември ќе бидат демократски и транспарентни, што е услов за земјата за продолжување на европската и евроатлантската интеграција.

„Немам причини да не верувам дека изборите ќе бидат според правилата, дека ќе бидат демократски, транспарентни. Ќе има, се разбира, различни интереси. Не може преку ноќ да се премине преку разликите кои постојат во македонското општество меѓу политичките партии. Меѓутоа, јас верувам дека долготрајните подготовки создадоа услови за нормални демократски избори и јас посакувам така да биде, бидејќи од тоа зависи понатамошниот пат на Македонија кон европските и евроатланстките интеграции“, вели Вајгл.

Укажа и на пораката која ќе им ја пренесе на своите соговорници со кои ќе се сретне за време на престојот во земја.

„Сакам само повторно да порачам, долго работевме на Пржинскиот договор и на неговото постепено реализирање. Мислам дека тоа е основата врз која треба да се гради иднината во наредните неколку месеци. Тоа треба да го имаат предвид и гласачите на кого тие ќе му дадат мандат. Јас верувам дека Македонија по овие избори ќе биде поинаква од тоа што е денес“, рече Вајгл.

Тричлената делегација на ЕП по средбите ќе одржи заедничка прес-конференција.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×