Ванчев: Доколку до есенва се реши името и НАТО, очекувам многу брз економски раст на Македонија
Објавено на од во ДЕЛОВНА 2018

gero 2

Герасим Ванчев, главен извршен директор, Семос

Тоа ќе значи големи странски и домашни инвестиции, а со тоа и можност за домашните фирми значително да го зголемат својот извоз и обрт


- Какви очекувања имате за следната 2018 година на ниво на компанија ?


Очекувам значително подобрување на бизнис климата и можност за работа, особено во втората половина на годината.

 

-Кои се најголемите предизвици со кои ќе се соочи Вашата компанија во 2018?


Да ги пребродиме првите 6 месеци од 2018 и успешно да ги завршиме започнатите зделки во странство.

 

-Очекувањата и проценки за македонската економија. Каде ги гледате предизвиците и потенцијалите за поголем економски раст?


Доколку до идната есен се реши името и НАТО, очекувам многу брз економски раст на Македонија. Тоа значи големи странски и домашни инвестиции, а со тоа и можност за домашните фирми значително да го зголемат својот извоз и обрт, што би значело да  нема проблеми со пензии, здравство, образование и секако зголемување на просечната плата на граѓаните.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×