Ванчев: Опасност од неликвидност
Објавено на од во ДЕЛОВНА 2016

Герасим Ванчев, директор на Семос

Vancev-WEB

П.Н- Доколку сакаме значајно да се подобри бизнисот, истиот мора  да биде помогнат со кредити, а посебно извозните фирми на кои основен продукт им е услуга

 

За жал мора да кажам дека очекувам потешка година од 2015 година за целата економија во Македонија, а со самото тоа и за ИТ индустријата, а посебно за оние ИТ фирми кои работат само за македонскиот пазар и не се извозно ориентирани.

Според мене, најголема опасност за 2016 година е тоа дека компаниите ќе имаат тешкотии со враќањето на кредитите, ќе мора да земаат нови, а банките не ќе имаат можност да ги следат. Со самото тоа, постои опасност голем број компании да бидат неликвидни, а сето тоа за жал ќе се одрази и на некои банки. Ова посебно ќе се случи ако не се најде начин нашата економија да го зголеми извозот во странство и ако не дојдат значајни инвестиции.

Очекувам значајно да се поддржи извозната економска политика. Даночната политика да остане иста, вработувањата да не бидат само во администрација и во странските инвестиции со ниски плати. Извозот мора значително да расте, ова е приоритет. Инвестициите во Македонија да се зголемат за да дојде до зголемување на платите и зголемување на износот на додадена вредност на производите и услугите кои се извезуваат.
Различни се мерките во различни гранки кои треба да се донесат, но се сведува на тоа дека доколку сакаме значајно да се подобри бизнисот, истиот мора  да биде помогнат со кредити, а посебно извозните фирми на кои основен продукт им е услуга. На пример, фирмите што прават профит од извоз за услуги 3 години по ред, да им се даде кредит колку што е износот на годишниот профит, кој ќе се враќа на повеќе години и со можност да не се плаќа камата, доколку истата фирма го зголемува извозот за 20% годишно.

Друга мерка, на големи тендери кои што ги добиваат странски фирми, во изведбата  да мора да учествуваат македонски компании, со најмалку 40% од обемот на работите.

Следната 2016 година планираме по секоја цена да го зголемиме извозот, бидејќи очекуваме македонската економија да паѓа, а со тоа  нема да може да ги апсорбира нашите производи и услуги. Ние работиме на доразвивање на нашите продукти кои се потребни на странските пазари, зголемување на стручните вештини на вработените и прилагодување на истите според потребите на регионот и глобалниот пазар.
Во Македонија ќе се задржиме со наши програми од областа на финансискиот сектор (банки, осигурителни куќи…), а во македонските средно-големи компании од областа на трговијата и производство ќе ги нудиме нашите продукти за Е-comerce, CRM, Буџетирање-Контролинг, HR, Портал и Документ Менаџмент Систем…

One thought on “Ванчев: Опасност од неликвидност

  1. kakvi krediti ne ste svesni kolku firmi se zaglaveni vo nelikvidnost poradi dolzenjeto na drzavata javnite prtprijatija a i opstinite koi sega proektite gi raliziraat samo so nivni firmi kade na tenderite se javuva samo po edna firma na koja i plakaat a drugite od strav ne smeat da tuzat i ako se osmelat da tuzat nema izvrsitel koj moze da naplati .stravot caruva bidejki ovie firmi ne smeat da guknat i sekojdnevno propagaat dokolku dignat glas ujp vednas se pusta i gotovo e so niv.znaci treba zakonot da vazi podednakvo i za drzavata i za firmite no vo momentov ne taka samo se slikaat a pari so godini ne pustaat .vo ova prednicat opstinite koj so malite firmi si igraat igracki te na edni imaat pari da platat a za drugi nema.

Напиши одговор на pravda Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×