Ванчо Чифлиганец, Адора Инженеринг: Годинава почнуваме голем инвестициски проект
Објавено на од во Прогнози 2015

За Адора инженеринг 2014 година беше уште една успешна година, за што потврда е рекордната продажба на преку 300 станови, што е за 11 % повеќе од продажбата претходната година, вели генералниот директор на Адора Инженеринг, Ванчо Чифлиганец.

„Врз основа на анализите и потребите на пазарот на недвижности, очекуваме годинава да биде позитивна, бидејќи согласно бизнис планот ќе започнеме голем инвестициски проект за изградба на нови 600 елитни станови во општина Аеродром, Скопје, што е двојно повеќе од нашите инвестиции во 2014 година. Влегувајќи во Новата година со целосно подмирени обврски кон деловните партнери, државата и општините, без банкарски задолжувања и со целосно сопствени средства за инвестициските зафати, Адора инженеринг очекува успешниот развоен тренд на овој градежен лидер во високоградбата во Македонија, да продолжи и во 2015 година. Вклопувајќи се во поволната бизнис клима во македонската економија и особено во секторот градежништво -високоградба, Адора инженеринг очекува да продолжи инвестицискиот бум во изградбата на недвижностите, каде оваа компанија е синоним за сигурни еко домови, тестирани со вештачки земјотрес, со енергетски пасош А-класа, што е препознаено, барано и валоризирано од страна на купувачите и граѓаните на Македонија. Позитивни ефекти со раздвижување на пазарот на недвижностите во Македонија има и проектот „Купи куќа, купи стан“, што ја зголеми продажбата на станови, од што позитивни ефекти имаат сите субјекти во градежниот сектор, инвеститорите, производителите на градежни материјали, државата и најмногу граѓаните од сите социјални и економски категории, кои во Адора инженеринг со државни субвенции од почетокот на проектот купија 50-тина еко станови“.

 

6 thoughts on “Ванчо Чифлиганец, Адора Инженеринг: Годинава почнуваме голем инвестициски проект

  1. Бизнис климата нее поволно, така му се чини на Чифлиганец. За да се подобри, не само во градежништвото туку и во сите други области, , го замолувам Чифлиганец , кој е и мој сограганин од Радовиш, да го проучи ова мое сознание, секако да ангажира и најеминентни економисти, па ако сака можеме и да влеземе во дијалог. Еве го моето сознание: ………………ИМА МЕРКА, КОЛКУ Е НА ГАЗДИТЕ, А КОЛКУ НА
    РАБОТНИЦИТЕ. ТОА, ОСОБЕНО ГАЗДИТЕ НЕ ГО
    ЗНААТ, ПРОЈАВУВААТ АЛЧНОСТ И ГО ПРИСВОЈУВААТ
    ДЕЛОТ НА РАБОТНИЦИТЕ, НЕОПРАВДАНО.
    Праксата од социјализамот и од денешниот капитализам има покажано дека, крајниот резултат од работата, припаѓа и на газдите и на трудот. Тогаш кога не се распоредува на тој начин, настанува пореметување на едната стра, во социјализамот побарувачката, а денес понудата. Страната налегнува толку што ја надминува границата на подносливоста, и претставува товар што се, се, повеќе и повеќе зголемува и ја закочува работата.Кога е така, а така е, никој нее во состојба да ја побие оваа констатација, тогаш се поставува прашање која е мерката за определување на деловите што им следуваат на работниците и на газдите ?

  2. Работниците и газдите во работата влегуваат со нешто што значи влог. За работниците тоа е влог од труд, а за газдите тоа е влог од пари.Тогаш заслугата за создавањето на нова вредност што ќе ја надомести нивната цена е тој влог. Или, обратно речено, цената на трудот и парите е новата вредност, што е резултат од работата. На таа нова вредност одговара веќе создадена понуда, или и отпосле да се создава, не ја менува докажливоста. Значи таа понуда е заслуга на влогот од труд и влогот од пари, а кога е така таа е наменета и за нив. Рековме дека, проблемот е во тоаа што кога, било трудот било парите, кои се заслужни за создадената понуда и им припаѓа соодветен дел, не добијат пари како би го купиле, тогаш и парите и понудата /нивниот дел од понудата/ остануваат кај газдата. Тогаш како би можел тој дел од понудата да се потроши ?

  3. Никако, тој дел е и повеќе, од еден дел кој и понатаму е присутен како можност за конкуренција, што ја налегнува страната на понудата, но преку конкуренцијата може да се потрошува и страната да се подигнува. Тоа се наречува поднослив однос помегу понудата и побарувачката, а кога на него се додаде делот што припага на работниците, тогаш тој не и дава на налегнатата страна да се подигнува и работата се кочи, бидејки тој дел се повеќе и повеќе се зголемува. Неговото смалување се случува во условите кога ја надминало границата на издржливоста, предизвикало застој- криза, поради кое работата се задржува на некое ниво, или намалува, а намалувањето на работниците не игра никаква улога, тоа е само сразмерно намалување на создавањето на новата вишок на понуда, погрешно уверувајки се дека на тој начин ќе се потроши веќе присутната вишок на понуда. Трошењето на тој вид на понуда е само со уништување, по пат на фрлање во отпад или со растварање на војни.

  4. Веќе рековме дека газдите правејки ја грешката што го присвојуваат и делот на работниците, од крајниот резултат на работата- профит или загуба, тоа е неоправдано, бидејки со тоа сами си ја закочуваат работата, а во тоа време на закочување, кога не би го имало, ќе спечалат и повеќе отколку погрешно присвоеното. Кога е така, а така е, тоа е веќе потврдено во праксата со резултатите од функционирањето на системите и претходниот- социјализамот и сегашниот- капитализамот, тогаш зошто да неможе да пробие тоа сознание кај сите газди и заеднички да се донесе закон, по нивно барање, за обавезно придржување во распределбата на крајниот резултат од работата, до мерката по која ги следува нивниот дел, да го присвојуваат за себе, а делот на работниците да го исплатуваат, поточно во случај на загуба и да ја коригираат веќе исплатената цена- нето плата. Зошто да се продолжи со сечење на гранката на која се седи, и да не му се покаже на светот дека грешката што прави системот е поправлива и е од корис на сите и работниците и газдите.

  5. Последен дел.
    И само уште малку за тоа, да се објасни дека параметрите, за работниците влогот од труд и за газдите влогот од пари се мерка со иста особина, а тоа е дека имаат вредност. За парите, сосема е очигледно дека тие вредноста си ја носаат со себе, додека за трудот, тој е апстрактна категорија, но како влог е присутен со својата цена. Така да за трудот и цената и вредноста се едно исто. Цената, тоа важи само за трудот, претставува паричен израз на вредноста. Таа вредност е можна вредност, но е најблиска до вредноста, па од тие причини може слободно да се земе за мерка, за утврдување на заслугата за создавањето на новата вредност, поточно крајниот резултат на работата. Со тоа можеме да заклучиме дека, вложениот труд има вредност во висина на остварената нето плата, а вложените пари имаат вредност толку колку се означени. За вложените пари на газдите треба да се каже дека во вложени пари спагаат сопствените и кредитните пари. Значи клучот за распределба на крајниот резултат од работата е: за работниците- остварената нето плата, а за газдите- сопствените и кредитните пари. Кога по овој клуч би се вршела распределбата на крајниот резултат од работата, системот ќе се поправи, нема да создава вишок на понуда, надвор од подносливоста и работата ќе тргне кон развој. Јас прашувам, дали стварно сите сакаме развој и вработување до последниот или не сакаме ?

  6. Дека становите што ги гради Адора имаат добри еко и енергетски параметри е потврден – живеам во таков стан. Но дека имаат и многу слабости, треба да се признае… Внатрешна звучна изолација никаква, молеро-фарбарски изведби катастрофални, лифтови лоши…. Значи да не испадне фалењето како она – однадвор добра шминка, внатре труло….

Напиши одговор на Илија Колев Радовиш Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×