Ванчо Чифлиганец добитник на награда за животно дело
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Генералниот директор на  Адора инженеринг Ванчо Чифлиганец е добитник на највисоката награда за животно дело на манифестацијата Best Brand 2015 што синоќа се одржа во Битола.  Чифлиганец наградата ја доби за успешниот четиридецениски ангажман во општествено-економскиот и политички живот во Македонија, за иновативните чекори за развојот на стопанството и особено градежништово, за бројните активности со хуманитарен предзнак секогаш поткрепени со знаење и искуство, за придонесот што како спортски работник го дал за најблескавите спортски достигнувања во државава.

Nagrada Cifliganec 1

Според  Чифлиганец  ова високо признание е сатисфакција, но и голема обврска и во иднина да продолжи со посветена работа и нови професионални и животни потфати.

„Како мал фантазирав многу. Во животот остварив многу повеќе од што можев да замислам. Затоа млади луѓе, сонувајте и работете на големо. Соништата, работата и успехот одат заедно“-порача тој.

Nagrada Cifliganec

Ванчо Чифлиганец е доктор по геолошки науки, поранешен генерален директор на рудникот Бучим , поранешен пратеник во македонското Собрание  во два мандати, предводник на боречкиот клуб Бучим-Јака кој освои европско и светско злато, основач и генерален директор на Адора инженеринг.

Манифестацијата International Best brand, позната како Оскари на најпопуларните, со голем број еминентни личности од бизнис сферата, општествено-културниот и научниот живот, во организација на телевизија Орбис во Битола се одржа по 10-ти јубилеен пат, а минатата година Адора инженеринг беше прогласена за најпопуларна градежна компанија во Македонија.

Nagrada Cifliganec 2

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×