Ванхауте: Не губете време и пари на нови предвремени избори
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

vanhauteБелгискиот посредник во преговорите за Договорот од Пржино, Питер Ванхауте на ФБ им честиташе на граѓаните кои гласаа на референдумот. Тој и порачува на Владата да не дава оставка и, како што вели, една изгубена битка не значи дека се е изгубено.

„Ја повикувам Владата да не дава оставка, туку да продолжи со својата работа, тоа е вашата должност! Не губете време и пари на предвремени избори повторно, туку ангажирајте се во решавање на многуте проблеми во вашата држава“, порачува тој.

 Тој додава дека е возможно прифатливо решение за проблемот со името, базирано на договорот со Грција.

Ванхауте изразува и жалење што од 2016 година не се направени сериозни напори за детален преглед на избирачкиот список и преиспитување на начинот како да се справи државата со многуте граѓани кои ја напуштаат земјата и живеат во странство.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×