Ванхауте најави крај на Договорот од Пржино ако нема компромис следниве денови
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Олеснувачот на меѓупартиските преговори за имплементација на Договорот од Пржино, Питер Ванхауте, на денешниот брифинг со новинари му даде рок за преживување од 2-3 дена на споменатиот Договор, ако партиите продолжат да се однесуваат како досега. Но, според белгискиот експерт, и пропаѓањето на Договорот нема да ја обесхрабри меѓународната заедница, која, смета тој, и понатаму ќе работи на решавањето на политичката криза во Македонија, поставувајќи ги на нова основа преговорите со политичките лидери на земјата. Ванхауте, во контекстот, најави сериозен одговор од Европската унија и од САД доколку партиите не покажат дека се на нивото на ситуацијата, и не најдат компромис, односно, не покажат сериозност на лидерство кое решава кој е патот кон кој треба да се движи Македонија. Следна критична точка што тој ја нагласи е„доколку на почетокот на ноември не се формира Државната изборна комисија и не се реализира законот за специјалниот обвинител,што ќе ја доведе во прашање валидноста на Договорот и одржувањето на изборите“. Говорејќи за евентуалните санкции со кои во тој случај би се соочила државата, Ванхауте посочи на примерот со Белорусија, што е показателно само по себе.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×