Connect with us

start up

Vanity – облека  за сите што не се плашат да бидат поразлични

Како 15-годишниот Давор го создава својот моден бренд

објавено

на

Давор Матов има само 15 години, а веќе креира свој моден бренд, Vanity. Тешкиот период низ којшто минувал неодамна, негативните емоции коишто го обземале, решил да ги канализира низ нешто креативно и убаво и да ги спои љубовта кон цртањето и модерната облека. Така настанале дизајните Vanity, каде што  во понудата засега има  дуксери, маици, и беџови, но Давор се надева  дека набрзо ќе може да понуди и тренерки, јакни, капи и други модни парчиња. Веќе подготвува нови дизајни кои во скоро време ќе ги објави и верува ќе бидат прифатени како и претходните.

Секој човек во еден момент од својот живот поминува низ тежок период, па така и нашиот соговорник Давор Матов ,15-годишно момче од Скопје, којшто вели дека одлуката темнината да се претвори во светлина, односно негативната енергија да се канализира во нешто креативно и убаво, всушност е почетокот на приказната за Vanity, брендот на облека што тој го дизајнира.

Инспирацијата дојде спонтано, вели Давор. „Мојата сестра веќе некое време дизајнира беџови со оригинален дизајн и уникатна порака под истото име. Следејќи го нејзиниот пример одлучив и  јас да ги спојам мојата љубов кон цртањето и модерната облека. Започнав скромно со еден дизајн, по што инспирацијата почна сама да доаѓа. Одлучивме да ги споиме облеката и беџовите под едно име и да понудиме нешто уникатно на пазарот.“, вели Давор за Капитал.

Vanity како бренд е замислен да биде дел од т.н. street wear стил. Целната група на младиот дизајнер се сите оние коишто отворено зборуваат за тагата и бесот кои ги носат во себе, без разлика на нивната возраст.

„Но, тоа не е само обичен street wear бренд. Vanity ја претставува мојата перспектива кон светот во поприлично тежок период од мојот живот. Поради овој период се чувствував многу изгубен, како да немам цел. Немав како да ги изразам ставовите и темните мисли за нашето општество кои беа предизвикани од се’ што се случуваше во мојот живот. Тоа беше додека не сфатив дека можам да ги спојам со мојата љубов за модерна облека и цртање.

Vanity е наменет за секој оној кој се осмелува да биде поразличен од сите други. Луѓе кои не ги засега туѓото мислење, кои не се плашат да покажат дека се поразлични од другите.“, објаснува Давор.

Пораката на дизајните е дека е во ред да бидеш поинаков, необичен, свој

Сестра му на Давор  веќе некое време дизајнира беџови со оригинален дизајн и уникатна порака под истото име, Vanity. Следејќи го нејзиниот пример одлучил и  тој  да ги спои љубовта кон цртањето и модерната облека. Започнал скромно со еден дизајн, по што инспирацијата почнала сама да доаѓа. Одлучиле да ги спојат облеката и беџовите под едно име и да понудат нешто уникатно на пазарот.

Под името Vanity досега Давор креирал пет дизајни, но вели дека набрзо планира уште два нови. Двата Welcome to Vanity дизајни биле направени без некое конкретно значење. Тоа била моментална инспирација, вели тој, која всушност претставувала само еден вовед за да открие што понатаму.

„Со третиот и четвртиот дизајн наречени Оdd One Out и Odd Hearts Out веќе беше појасна идејата во кој правец ќе се движи Vanity. Овие два дизајна имаат подлабоко значење и за мене лично, но и за голем дел од нашите клиенти. Пораката на дизајните е дека е во ред да бидеш поинаков, необичен, свој. Последниот дизајн наречен Familiar Faces ги претставува мислењата и реакциите на луѓето од нашето опкружување. Некои ќе не’ повредат или критикуваат, некои само немо ќе посматраат, но на крај секогаш постојат оние позитивните кои неуморно не’ охрабруваат и поддржуваат.“

Во однос на беџовите, Давор и неговата сестра имаат осум дизајни кои пренесуваат саркастични пораки од типот „Bite me”, “Nice try”, “Chill pill” и уште неколку. Имаат модерен дизајн и пренесуваат уникатна порака која не секој се осмелува да ја каже.

Давор ни открива дека на почетокот луѓето не можеле да ја разберат пораката што сакал да ја испрати.

„Бидете свои и не дозволувајте другите да ви го диктираат животот. Сега веќе добивам многу позитивни реакции и луѓето се повеќе се пронаоѓаат во моите дизајни. Сите тие сакаат да ја испратат пораката дека се свои и единствени, дека се Odd One Out, и сакаат да бидат дел од Vanity семејството. “, порачува младиот дизајнер.

И додава дека тој веќе го создал својот круг на Familiar Faces, оние што му ја даваат целосната поддршка, го инспирираат и го охрабруваат постојано да создава нови и уникатни дизајни.

„Тоа се мојата сестра, мојата мајка и сите оние кои се пронаоѓаат во она што го правам. Тука морам да упатам особена благодарност до Рената Наумовска, Борче Стаменов и Снешка Трајковска кои безрезервно ме поддржаа во идејата и ми дадоа ветер во крилата. Без сите нив приказната за Vanity немаше да постои.“

Сон за меѓународно препознатлив бренд

За сега, продажбата на парчињата облека оди исклучиво преку Инстаграм, но Давор се надева  дека еден ден ќе му се оствари и желбата Vanity да има своја продавница. „Веќе има интерес за нашите производи и  надвор од Македонија, па се надевам дека ќе успееме брендот да биде препознатлив и на меѓународниот пазар.“

Го прашувам Давор какви се неговите планови за понатаму, дали можеби има разговарано со текстилни компании околу шиење и пласман на неговите колекции.

„Ние сме релативно нов бренд кој допрва треба да се развива. Уште е рано за некои големи планови, но секако дека во иднина би сакале да се прошириме и да оствариме соработка со некоја текстилна компанија. За сега, продажбата оди исклучиво преку Инстаграм, но секако се надевам дека еден ден ќе се оствари и желбата Vanity да има своја продавница. Веќе има интерес за нашите производи и  надвор од Македонија, па се надевам дека ќе успееме брендот да биде препознатлив и на меѓународниот пазар. Тогаш со сигурност ќе ни биде потребна помошта од некоја од нашите текстилни компании.“, вели Давор.

За крај ни открива дека има многу идеи коишто би сакал да ги реализира, но не сака да брза. Вели дека сака да го гради брендот полека и квалитетно.

„Во иднина би сакал да го прошириме бројот на производи. За сега имаме само дуксери, маици, и беџови, но се надевам дека ќе можеме да понудиме и тренерки, јакни, капи и друго. Веќе подготвувам нови дизајни кои во скоро време ќе ги објавам и верувам ќе бидат прифатени како и претходните. Се надевам дека сонот за меѓународно познат бренд еден ден ќе стане реалност.“

економија16 часа ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија24 часа ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании1 ден ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет1 ден ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион1 ден ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија1 ден ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија1 ден ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија1 ден ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки5 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет4 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија1 ден ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија1 ден ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал