Варуфакис го лансираше пан- Европското движење ДиЕМ25
Објавено на од во Политика

Поранешниот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис вчера вечерта го лансираше новото пан- Европско движење чија цел е да ги собере на едно место партиите од левицата, зелените партии и „бунтовиците“ од цела Европа.

За време на претставувањето на Движењето, Варуфакис рече дека ДиЕМ25 ќе ја „потресе Европа – полека, но силно“. Европа ќе биде демократизирана или дезинтегрирана и тоа ќе се случи многу брзо“, реле тој предупредувајќи на враќањето на „посмодерната верзија од 1930-тите години“, пренесува The Guardian.

Синоќа, во театарот Volksbuhne во Берлин  се обратија и градоначалникот на Барселона, Ада Колау, филозофот Славој Жижек како и основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.

„Кога парламентите ќе станат театри, ние треба театрите да ги претвориме во парламенти“, рече Мигел Урбан Креспо, член на шпанската партија Подемос.

Целта на движењето, како што рече Варуфакис е да се создаде потранспарентен процес во донесувањето на одлуките во Европа, вклучувајќи и пренесување во живо на сите состаноци во овие институции, како и целосен пристап до договорите за слободна трговија.

DiEM25

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×