Варуфакис: Грција направи грешки во преговорите, но најголемата вина е на кредиторите
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Јанис Варуфакис, поранешниот грчки министер за финансии во вчерашното интервју за телевизијата CNN призна дека Грција направила грешки во преговорите за финансиската помош, но дека најголем дел од вината за мизеријата во која се наоѓа земјата ја имаат кредиторите.
“Направивме грешки, нема сомневање во тоа”, изјави тој во своето прво меѓународно интервју откако си даде оставка. “И јас се наоѓам одговорен за многу од тие направени грешки”.

“Но, вистината е дека моќната Тројка на кредитори (ММФ, ЕЦБ и Европската комисија) не беа заинтересирани да се постигне чесен и за двете страни прифатлив договор. Тие беа многу позаинтересирани за тоа да ја понижат и симнат од власт оваа грчка влада, или во најмала рака владата сама да се симне од власт во смисла на политиките што ќе треба да ги спроведува. Тие беа заинтересирани за договор со кој ќе се осигураат дека најголем дел од нивните пари ќе им бидат повторно вратени назад”, вели Варифакис.

“Многу е тешко за мене, колку и сакам тоа да го направам, да преземам одговорност за политиките со кои не се согласувам”, изјави Варуфакис.
Грција минатата недела ги прифати условите кои ги бараа кредиторите со цел да го добие третиот пакет финансиска помош. Варуфакис си даде оставка од министер за финансии само еден ден откако мнозинството Грци на референдум ги одбија строгите мерки за штедење кои им ги наметнуваа кредиторите, а кои само една недела подоцна власта на чело со Алексис Ципрас ги прифати со цел да ја спаси земјата од банкрот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×