Варуфакис: Грција нема да излезе од еврозоната
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, ја отфрли можноста за излез на Грција од еврозоната, потенцирајќи дека тоа не е рационално решение за грчката должничка криза

Во Брисел неуспешно завршија преговорите, кои синоќа се водеа помеѓу Грција, Европската Унија и Меѓународниот монетарен фонд, околу спроведување на грчките реформи во замена за финансиска помош од меѓународните кредитори.

Како што изјави грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, единствениот начин за Грција да ги отплати долговите кон меѓународниот кредитори е реструктурирање на долгот и директно учество на германската канцеларка Меркел во преговорите.

„Јас го отфрлам излезот на Грција од еврозоната како рационално решение. Договорот може да биде постигнат за една ноќ, но треба да присуствува и германската канцеларка“, изјави Варуфакис за германски „Билд“, потенцијарајќи дека Атина е подготвена да се согласи на каков било договор со кој ќе се преструктурира долгот.

Според изјавите кои доаѓат од Европската комиисија, и натаму постојат големи разлики помеѓу плановите на грчките власти и меѓународните кредитори, кои од Грција барат спроведување на мерките со кои ќе се заштедат 5,8 милијарди евра.

Неименуван претставник на грчката влада за „Билд“ изјави дека Атина нема да попушти пред барањата на ММФ за намалување на пензиите и платите, односно воведување дополнителни даноци.

„Звучи лудо, но тоа е така. Колку данокот е поголем, толку помала е желбата кај луѓето да платат. Тие чувствуваат дека имаат право да не плаќаат многу“, вели Варуфакис.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×