Варуфакис одговори на непријатното изненадување од ЕЦБ
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Европската централна банка одлучи повеќе да не ги прифаќа грчките обврзници како осигурување за кредитите наменети за банките во Грција. Студениот туш за новата грчка Влада дојде откако министерот за финансии на Грција, Јанис Варуфакис, по средбата со првиот човек на ЕЦБ, Марио Драги, ги стопли срцата на Грците со изјавата дека ЕЦБ „ќе направи сѐ што е потребно за да им помогне на државите-членки, како Грција“.

Одлуката на ЕЦБ донесена со гласовите на мнозинството гувернери на централните банки од еврозоната, стапува во сила на 11 февруари. И значи дека грчките државни обврзници, како и обврзниците на грчките банки, нема да бидат прифаќани како гаранција за кредитирање на истите банки од страна на ЕЦБ. Поради ова, ризикот од обезбедувањето заеми за грчките банки ќе треба да го преземе централната банка на земјата, чии евентуални проблеми во ситуацијата ќе треба да ги решава Владата на Алексис Ципрас.

На грчкиот одоговор не чекавме многу. Тамошните банки ќе добијат дополнителни 10 милијарди евра од итните фондови на Грчката централна банка, со што последната, од досегашните 15 милијарди евра, доби на располагање 25 милијарди. „Грција ниту ќе уценува, ниту ќе биде оценувана“, изјавија од Владата во Атина, дополнувајќи дека „грчкиот банкарски систем останува соодветно капитализиран и целосно заштитен преку пристапот до итните фондови за ликвидност“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×