Варуфакис: Посетата на Обама на Грција е потполно ирелевантна
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Поранешниот грчки министер за финансии, Јанис Варуфакис, ја смета за „потполно неважна“ посетата на американскиот претседател во заминување на Атина, истакнувајќи дека Обама не ја поддржал Грција кога имал можност, во критичниот период од преговорите.

„Обама користеше „непретседателски“ речник за да ги опише мерките за штедење наметнати на Грција, но, како што и му реков – неговото Министерство за финансии не го следеше ниту тогаш, а тоа не го прави ниту сега“, истакна Варуфакис за BBC.

„САД не ѝ помогнаа на Грција во преговорите со ММФ, со Брисел, со Берлин и со Франкфурт“, тврди Варуфакис.

Тој констатира дека тогаш бил периодот кога Обама можел своите зборови да ги потврди и со конкретни акции.

„Затоа верувам дека ова патување (во Атина) било многу пријатно за него (за Обама), но го сметам за потполно ирелевантно“, заклучува Варуфакис.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×