Варуфакис: Ќе предложиме “њу дил” за спас на европската економија
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Варуфакис најави дека неговата Влада ќе предложи “њу дил” за Европа, сличен на оној кој бил спроведен во 1930 година во САД. “Тоа подразбира инвестиции од ЕИБ 10 пати поголеми од сегашните”, изјави Варуфакис.

 

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис изјави дека доколку Грција биде присилена да ја напушти еврозоната, другите земји неминовно ќе го следат нејзиниот пример и монетарната унија ќе се распадне.

Варуфакис оцени дека должничките проблеми на Грција мора да се решаваат  во рамки на отфрлањето на мерките за штедење за целата еврозона. Тој се заложи за масовен “њу дил” или за голема инвестициска програма која би го финансирала Европската инвестициона банка (ЕИБ).

Еврото е слаба, тоа е како кула од карти. Ако од таа кула ја извлечете грчката карта сите други ќе паднат”; смета Варуфакис.
“Сакам да ги предупредам сите кои размислуваат за стратешка ампутација на Грција од Европа, дека тоа е многу опасно. Кој ќе биде следен после нас? Португалија? Што ќе се случи кога Италија ќе открие дека повеќе нема да може да живее надвор од “лудачката кошула” на мерките за штедење? , прашува Варуфакис.
Варуфакис најави дека неговата Влада ќе предложи “њу дил”(New Deal) за Европа, сличен на оној кој бил спроведен во 1930 година во САД. “Тоа подразбира инвестиции од ЕИБ 10 пати поголеми од сегашните”, изјави Варуфакис.

Според него, ако Европа продолжи да инсистира на контрапродуктивни мерки за штедење, единствени кои ќе профитираат ќе бидат оние кои ја мразат европската демократија.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×