Варуфакис со ново движење ќе ја спасува ЕУ, за која во друг случај тврди дека ќе ја снема
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Европската ѕвезда на левицата, Јанис Варуфакис, кој ваков статус/популарност доби како министер за финансии на Грција, го основа паневропското движење, со перспектива да прерасне во партија, Демократија во Европа 2025 (Democracy in Europe Movement 2025 – DiEM), преку која сака да ги мобилизира истомислениците за радикална демократска реформа во Европската унија. „Или ќе биде демократизирана, или ЕУ за десет години ќе ја снема“, смета Варуфакис.

Новата иницијатива ќе биде претставена на 9 февруари во берлинскиот театар Volksbühne, каде разговорот со Варуфакис ќе го води хрватот Среќко Хорват. Поранешниот министер за финансии во Владата на Алексис Ципрас сака истовремено да понуди алтернатива и на недемократските европски структури и на политиката на затворање на националните граници. Можноста движењето да прерасне во партија ја одредува амбицијата Демократија во Европа 2025 да излезе како фактор на некои идни европски избори.

Хорват, кој е истомисленик на Варуфакис, за хрватски Јутарњи лист, открива дека токму иницијаторот на движењето (Јанис) предложил лансирањето на идејата да се случи во Volksbühne, како симболичко место на плоштадот Роза Луксембург. На претставувањето на DiEM највено е доаѓањето на претставници на сите поважни левичарски и зелени партии од ЕУ, од германски Die Linke и SPD, преку британските Лабуристи и Зелени, до шпански Podemos, ирскиот Sinn Fein и словенечката Združena levica. Поддршка за движењето на Варуфакис дадоа формати на каузата од видот на Славој Жижек, Џулијан Асанж, Брајан Ино … Влезниците за настанот/промоцијата се распродадени за два-три дена, а од посебната сала ќе има live-stream со директен online пренос. По овој централен настан DiEM ќе биде претставен по градовите на ЕУ.

„Идејата тргна од искуството што Јанис Варуфакис го доби како министер за финансии на Грција, како одговор на сознанието дека дури ниту премиерите, претседателите и министрите за финансии немаат релевантна политичка моќ во денешната ЕУ, каде најважните одлуки се носта зад затворени врати. Европскиот парламент одамна е фарса, таму не се носат никакви одлуки. Најважните одлуки ги носи Еврогрупата, која не одговора пред никого и не е под јавна контрола“, објаснува Хорват.  Името на движењето се однесува на поставената цел – ЕУ да биде демократизирана до 2025, а ако не биде, се соочува со тоа воопшто да ја нема. DiEM значи и Carpe Diem, односно, да се искористи шансата, сега или никогаш.

Излегувањето од ЕУ и враќањето на националните држави не е решение

„За разлика од движењата и партиите, без разлика дали се од левицата или од десницата, а кои се залагаат за излегување од ЕУ, ние сметаме дека враќањето на националните држави не е решение. Се залагаме за радикален интернационализам. Илузија е дека козметичката реформа на постоечките европски институции е доволна. Потребно е силно паневропско движење што на нивото на целата Унија ќе успее радикално да ја промени постоечката состојба, користејќи ја дури и примената и измената на постојните спогодби“, вели Хорват, објаснувајќи ја идејата на Варуфакис. ЕУ лани, смета тој, најмалку три пати покажа дека нема да преживее ако радикално не ја промени својата економска и политичка стратегија.

„Најпрво летоска со Грција, кога сите финансиски сили на ЕУ, од Европската централна банка до приватните банки, се обединија за 62% од гласовите кои велеа „не“ за мерките на штедење од грчкиот референдум, да ги претворат во „да“ за мерките, поради што Ципрас потклекна и го потпиша третиот меморандум што е противречен со скоро секоја ставка од таканаречената Солунска програма. Втор пат со бегалската криза која како бумеранг се врати во центарот на Европа, меѓу другото и поради нашите интервенции во Либија и во Сирија. Луѓето кои гинат и се дават во морињата, ѕидовите што се подигаат во Унгарија или меѓу Словенија и Хрватска се против самата идеја за Европа. И трет пат со терористичките чинови во Париз, не поради исламистичкиот тероризам што би бил сериозна закана за ЕУ, туку поради безбедносната надворешна политика на ЕУ што предизвикува и го носи тој тероризам во самото срце на ЕУ“, вели Хорват.

Тој последниве денови се гледал со Асанж, во еквадорската амбасада во Лондон, и тврди дека основачот на WikiLeaks живо е заинтересиран како ќе се развива инцијативата на Варуфакис.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×