Вашингтон пост: Белата куќа сака да ја приватизира Меѓународната вселенска станица
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп сака да ја претвори Меѓународната вселенска станица во нешто како недвижен имот во орбитата, со кој нема да управува државата, туку приватната индустрија, пишува весникот „Вашингтон пост“.

Белатa куќа планира да го запре финансирањето на вселенската станица по 2024 година и да ја прекине државната поддршка за лабораторијата во земјината орбита. Се подготвува преоден план, според кој станицата ќе биде префлена на приватниот сектор, стои во документ на НАСА за внатрешна употреба во кој весникот имал увид.

„Одлуката за прекин на директната федерална помош за Меѓународната вселенска станица во 2025 година не значи дека станицата тогаш ќе биде извадена од орбитата. Можно е индустријата да продолжи да употребува некои нејзини елементи или можности како дел од идна комерцијална платформа“, стои во документот.

НАСА, исто така, ќе ги продолжи меѓународните и трговските партнерства во следните седум години, за да обезбеди понатамошен пристап и присуство на луѓе во ниска орбита околу Земјата.

Планот за приватизација на Вселенската станица веројатно ќе се судри со големо несогласување, воглавно затоа што САД потрошиле околу 100 милијарди долари за нејзина изградба и нормална работа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×