Вечерва ново гласање во британскиот парламент за амандманите на договорот за Брегзит
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Британските пратеници вечерва ќе гласаат за неколку амандмани на премиерката Тереза Меј, кои таа ги поднесе по гласањето со кое се отфрли нејзниот договор со ЕУ за Брегзит.

Со еден од клучните амандмани се прави обид, Владата да се обврзе повторно да преговара за таканаречениот „бекстоп“ кој трeба да гарантира отворена граница меѓу Република Ирска и Северна Ирска по Брегзит. Со друг се предлага продолжување на преговарачкиот процес за Брегзит по март.

Ако некој од нив помине, што според Би-би-си, не е сигурно, тоа ќе биде знак за премиерката дека на Парламентот може да му понуди модифициран договор. Сепак, ЕУ истакна дека промените во Договор за Брегзит нема да бидат предмет на повторни преговори меѓу двете страни, на што портпаролот на Меј рече дека Унијата ќе треба да има предвид компромис.

Најголем проблем, според британските медиуми, е да се обезбеди дека нема да постојат тнр. “цврсти” гранични премини меѓу Северна Ирска и Република Ирска. Ниту една страна не сака да го поткопа мировниот процес, како и слободниот проток на стоки и луѓе, но се уште не можат да се договорат за тоа како да се постигне тоа.

Британија и ЕУ се согласија да започнат тнр. бекстоп – еден вид на безбедност, која ќе гарантира дека нема да има цврста граница без оглед на исходот на идните трговски преговори меѓу двете страни. Според Би-Би-Си, бекстоп ќе значи дека Северна Ирска ќе остане предмет на некои регулативи на ЕУ, како што се стандардите за храна и стоки. Ова ќе ја спречи потребата од проверка на стоки на ирската граница, но ќе се бара некои производи увезени во Северна Ирска од остатокот од Обединетото Кралство да бидат предмет на нови проверки и контроли.

Бекстоп, исто така, ќе имплицира и привремена единствена царинска територија, практично задржувајќи го целото Обединето Кралство во царинската унија на ЕУ. Ако трговските разговори завршат без договор, Велика Британија ќе остане во бекстоп на неодредено време, но британската Влада вели дека тоа е малку веројатно да се случи, бидејќи тоа нема да биде во интерес на двете страни.

Прашан за коментар за ставовите на ЕУ за повторно преговарање, портпаролот на Тереза М​еј изјави:

„Она што сум постојано го слушаме од европските лидери е дека тие сакаат Велика Британија да се повлече (од ЕУ) со Договор. Се признава дека договорот е во најдобар интерес на ЕУ, како и на Велика Британија. Договорот беше отфрлрн од Парламентот на Велика Британија. Поради тоа, ако сакаме да посигнеме договор, очигледно е дека треба да се направат некои промени со цел да се добие парламентарна поддршка“.

Сепак, можноста, која еден од министрите ја опиша како “пресметан ризик” – да не може да се ослободи од царинските прописи на ЕУ без нејзина дозвола, беше доволно за да одврати многу амбасадори од Договорот на Тереза М​еј. Тие бараат да се откаже од бекстоп, додека владата инсистира дека тоа е едноставно невозможно. Уште поважно, Демократската унионистичка партија на Северна Ирска, која ја поддржува владата на Тереза ​​Меј, не се согласува и неодамна објави дека ќе гласа против Договорот.

Заменик главниот преговарач на ЕУ со Велика Британија, Сабина Вејенд, изјави дека ќе биде предизвик да се види како Велика Британија се обезбеди мнозинство за Договорот за Брегзит, пренесува британски Сан. Таа рече дека постои “многу голем ризик” дека договорот за Брегит нема да биде усвоен.

Неусвојувањето на договор за излез од ЕУ, за Велика Британија ќе значи сериозен проблем од можен недостиг на храна и повисоки цени, предупредуваат трговците на мало и синџирите на брза храна во писмото до премиерката Меј, објави БиБиСи.

Во писмото, во кое Би Би Си имале увид, се потсетува дека Владата проценува дека увозот на стоки преку француското пристаништето Кале може да падне за 87 отсто во однос на сегашното ниво, со што би се загрозиле залихите на многу видови храна. Во писмото се изразува загриженост во врска со царините, имајќи предвид дека во моментов само 10 проценти од британскиот увоз на храна спаѓаат под прописите на Светската трговска организација (СТО).

Ако Британија се врати на прописите на СТО, трговците на мало предупредуваат дека ова “би ги зголемило трошоците за увоз, а со тоа ќе порасне и цената на прехранбените производи”.

“Во март (кога Велика Британија и официјално се повлекува од ЕУ), ситуацијата станува уште посложена, затоа што британското производство (храна) е на ниско ниво”, се вели во писмото.

“Со оглед на тоа што рокот на траење на свежата храна е краток, тој брзо мора да биде доставен од фармите до нашите продавници”, велат трговците. Тие, исто така, додаваат дека не постои доволен простор за складирање на храна која може подолго да трае, бидејќи сите постоечки капацитети се веќе зафатени со “замрзната храна или храна што треба да се чува во фрижидер.” Меѓу потписниците на писмото се KFC, Co-Op и Lidl.

Трговците на мало досега не учествуваа во дебатата за Брегзит, но се “разбудија”, со приближување на датумот кога Велика Британија треба да ја напушти Унијата (29 март), оценува Би-Би-Си во анализата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×