Ведемости: Русија, Турција и САД планираат поделба на Сирија на зони
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Русија, Турција и САД разгледуваат варијанта за поделба на Сирија на зони за „деескалација“, соопштува руското издание Ведемости. Целта е да бидат прекинати воздушните напади во овие зони.

Темата за војната во Сирија била дискутирана од страна на рускиот претседател Владимир Путин за време на неговиот телефонски разговор со американскиот колега Доналд Трамп, дополнува изданието.

Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, исто така, разговарале на тема Сирија, што е очигледно од објавените изјави на двајцата лидери по нивната средба во Сочи.

Ердоган изјави дека Турција, Русија и Иран се гаранти на зачувувањето на територијата на Сирија. Путин, пак, посочи дека кризата во Сирија може да биде решена главно со политички средства  и со дипломатија, но пред тоа треба да запрат воените дејства.

Три милиони бегалци од Сирија во моментов се во Турција, рече Ердоган.

Извори на Ведемости ја коментираат и улогата на Курдите, при што се вели дека Иран, на пример, ги поддржува, додека тие се црвената линија на Турција. Москва, исто така, нема особена причина да ги поддржува, зашто сириските Курди се дел од опозицијата против Башар Асад.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×