Веќе десетмина загинати во Минхен – напаѓачот не бил поврзан со ИД – инспирација му бил Брејвик
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Минхенската полиција денеска соопшти дека во вооружениот напад во трговскиот центар Олимпија загинале 10 луѓе, а 27 се повредени.

Тројца од жртвите се косовски државјани, тројца се турски државјани и еден е Грк. Седуммина од жртвите биле тинејџери.

Шефот на полицијата во Минхен, Хубертус Андере, изјави дека при претресот на станот на напаѓачот не се најдени докази за негова поврзаност со Исламска држава. Но, пронајдена е литература за масовни убиства и се претпоставува дека бил инспириран од Андерс Брејвик, кој пред пет години уби 77 лица во Осло и на островот Јутоја.

Напаѓачот, идентификуван како 18-годишниот Али Давид Сонболи, живел заедно со своите родители во реонот Максфорштад. Тој се лекувал од депресија.
Неговите родители поради шок сѐ уште не се во можност да помогнат во истрагата, која не може да ги утврди мотивите за нападот.

Според шефот на полицијата во Минхен властите не можат да пронајдат сличности со нападот во воз, што се случи во покраината Баварија при што беа повредени десетина луѓе. Одговорноста за тој напад извршен од 17-годишно момче со авганистанско потекло го презеде Исламската држава.

За нападот во Минхен засега ниту една група нема преземено одговорност.
Полицијата сѐ уште ги анализира снимките направени од очевидци на настанот во обид да открие какви пораки упатувал напаѓачот во текот на расправиите со луѓето, што го убедувале да не пука по невините граѓани.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×