Веќе не се купуваат станови за бизнис и реиздавање туку стриктно за живеење
Објавено на од во Економија

„Купците кои купуваат по три или пет станови и ги користеа за бизнис се заситија. Тие ги потрошија вишокот пари и веќе го имаат она што сакаа да го добијат. Сега повторно ние градежниците треба да се посветиме на оние природни наши купувачи. Млади брачни парови или било каков друг тип на луѓе кои имаат вистинска потреба од нов станбен простор. Досега тие беа занемарени поради неможноста да ги плаќаат високите каматни стапки. Но со сите последни случувања се создаваат одлични услови до стан да дојдат токму оние кои тоа им е најпотребно“ велат градежниците за Капитал.

Во Македонија во изминатава деценија станови купуваше буквално секој кој може и не може да си го дозволи тоа, велат познавачите на пазарот. Недвижностите од овој тип се третираат и како станбен простор и како цврста валута и како начин да се дојде до редовен месечен приход преку добра кирија и готово. Веројатно поради тоа падна цената на издавање, падна интересот и понудата како за станбен така за деловен простор и становите станаа помалку интересна дестинација за вишокот на пари.

Ваквата состојба ја детектираат и од здружението на градежниците. Претседателот Никола Велковски вели дека последните кризни години расчистија околу тоа кој и за што купува станови.

„Купците кои купуваат по три или пет станови и ги користеа за бизнис се заситија. Тие ги потрошија вишокот пари и веќе го имаат она што сакаа да го добијат. Сега повторно ние градежниците треба да се посветиме на оние природни наши купувачи. Млади брачни парови или било каков друг тип на луѓе кои имаат вистинска потреба од нов станбен простор. Досега тие беа занемарени поради неможноста да ги плаќаат високите каматни стапки. Но со сите последни случувања мислам дека се создаваат одлични услови до стан да дојдат токму оние кои тоа им е најпотребно.“

 ДЕЛОВНИОТ ПРОСТОР СЕ ВРАЌА ВО ИГРА

Капитал пред само една година пишуваше дека вложувањето во деловен простор во тој момент е чиста загуба. Во нашиот текст беше истакнато дека освен во централното градско подрачје сите други деловни простории или зјаат празни или се издаваат или продаваат по смешно ниски цени. Постоеше тренд дури и на пренамена од деловен во станбен простор што е навистина чудна пракса и за светски прилики. Среде оваа најголема криза на деловниот простор случајно или не дојде новата законска измена со која точно се дефинира и се ограничува можноста за пренамена од станбен во деловен простор. Иако имаше доста полемики околу оправданоста и спроведливоста на оваа одлука, градежниците и од нејзе имаат големи очекувања.

Лично очекувам дека оваа законска измена ќе го врати во игра деловниот простор, ќе ја стабилизира неговата цена и ќе го подигне интересот кај граѓаните и фирмите. Природно е ако не може да се пренаменува да мора да се купува и изнајмува нов деловен простор. Тоа после подолго време повторно ќе ги направи актуелни и деловните простори надвор од централното градско подрачје“ оптимистичен е во своите најави Никола Велковски, претседател на Комората на градежници.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×