Вељаноски: Распуштањето на Собранието на дневен ред на 17 октомври, по точката за Буџетот за 2017
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Точките за распуштање на Собрането ќе бидат дополнети на дневниот ред на седницата која е закажана за 17.10.2016 година, после точката која се однесува на усвојувањето на Буџетот за 2017 година“, стои во соопштението што тукушто го испратија од кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.

Соопштението го пренесуваме во целост.

„Во врска со последните активности на дел од пратениците од опозицијата за распуштање на 8. состав на македонскиот законодавен дом, а во согласност со договорите што беа водени со посредство на меѓународната заедница, го истакнуваме следново:

Претседателот на Собранието го поздравува ставот на пратеничката група на СДСМ за распуштање на Собранието, за разлика од минатите два пати кога оваа партија бараше одложувања на веќе закажаните парламентарни избори. Истовремено, г. Вељаноски го поздравува и ставот на партиите од владеачкото мнозинство, кои, исто така, во континуитет стојат на позициите за распуштање на овој парламентарен состав согласно постигнатите договори. Овој факт е од исклучително значење бидејќи единствено на тој начин, консензуално, преку избори, мандатот повторно ќе го добие народот и тој, како најмеродавен судија ќе ја даде најточната оценка.

Претседателот Вељаноски, почитувајќи ги во целост преземените обврски согласно разговорите на најголемите партии со посредство на меѓународната заедница, ја информира јавноста дека точките за распуштање на осмиот состав на Собрането ќе бидат дополнети на дневниот ред на седницата која е закажана за 17.10.2016 година, после точката која се однесува на усвојувањето на Буџетот за 2017 година.

Претседателот на Собранието е уверен дека на овој начин, македонските пратеници ќе успеат истовремено да остварат две суштински цели: прво, да ја исполнат до крај својата обврска да работат до последниот ден во интересот на државата, стабилноста на институциите и непреченото функционирање на системот со носењето на најважниот акт, Буџетот, кој секоја година го усвојуваат претставниците на народот; второ, да ја испочитуваат преземената обврска за распуштање на Собранието, бидејќи законските рокови во целост и без исклучок дозволуваат тој чин да се направи на 17 октомври за да може да се одржат изборите на договорениот датум на 11 декември.

Претседателот Вељаноски очекува од пратениците на опозицијата да застанат зад споменатиот план бидејќи така на најдобар начин ќе ја покажат својата посветеност кон преземените обврски од договорите, како и одговорноста кон Македонија. Оттаму, за Претседателот на Собранието, секој поинаков став на опозицијата, како тој за распуштање на Собранието на 12 октомври, ќе биде оценет како уште еден акт на политичка неискреност и како дел од планот на опозицијата да издејствува ново, трето по ред одложување на изборите“.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×