Велешка Агриа доби дел од земјиштето на Субрата Рој во Џумајлија
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

IMG_2587-1024x1024„Агриа“ од Велес за 108.585 евра го доби под закуп државното земјоделско земјиште од Џумајлија, во светиниколскиот регион (кое претходно беше дадено под закуп на Субрата Рој). Оваа компанија на електронската аукција имала доставено најповолна понуда со цена од  за годишна закупнина до министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„По завршувањето на постапката оваа компанија ќе треба да потпише договор со кој меѓу другото се обврзува да инвестира и 2 милиони евра во рок од четери години,“ стои во соопштението од министерството за земјоделство.

На истиот оглас за електронско јавно наддавање  беше понудено државно земјоделско земјиште за површини над 3 хектари. Понудено беше земјиште во четири региони и тоа во Свети Николе, Струга, Ресен и во Струмица во осум географски целини. Најголемиот дел од вкупно 4.565-те хектари, беа во Свети Николе со понудени 4.484 хектари во четири целини, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Според комисијата од вкупно 16 апликанти две компании имале комплетна и соодветна апликација и учествувале на електронското јавно наддавање.

За географската целина 5 во реонот на Ресен за 21 хектар, исто така имало единствен најповолен понудувач со комплетна и соодветна документација, односно фирмата Ејпл Ленд која понудила закупнина од 118 884 денари годишно.

За површините од другите 6 географски целини за кои немало понудувачи со комплетна и соодветна документација заедно со нови дополнителни парцели наскоро треба да биде распишан нов јавен оглас за околу 4.200 хектари.

Оваа година беа објавени 5 јавни огласи и 2 јавни повици каде што се понудени околу 10.000 хектари, a во подготовка за објавување се и нови 3.500 хектари. Целта е да се даде под концесија целото земјоделско земјиште во државна сопственост.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×