Велика Британија го почна Брегзит процесот
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Британскиот амбасадор во Европската унија, Тим Бароу, денеска во Брисел го врачи писмото за активирање на членот 50 од Лисабонскиот договор, што синоќа го потпиша британската премиерка Тереза Меј, со што официјално започна процесот на Брегзит.

Во писмото Лондон ги известува европските институции за намерите на Велика Британија за напуштање на Унијата.

Во меѓу време, Европската унија го објави нацрт-документот, со кој лидерите на ЕУ ќе одговорат на формалното известување на Велика Британија за почетокот на процесот на истапување од блокот, во кое се наведува дека тие ќе останат единствени за време на конструктивните преговори за Брегзит,.

Во нацрт-одговорот лидерите на Унијата ветуваат дека со единствен настап ќе се обидат да ја намалат несигурноста кај граѓаните и деловните луѓе, поради отпочнувањето на процесот на излегување на Велика Британија.

Денеска, девет месеци откако Британците гласаа за напуштање на ЕУ, почнуваат двете години сложени преговори – во овој период (од две години) Британија останува полноправна членка на Унијата со сите права и обврски.

Во следните 48 часа од добивањето на писмото од Бароу, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, ќе им испрати на 27-те држави на ЕУ проект за заедничките принципи на позицијата од која ќе преговараат со Лондон. Тој своите видувања ќе ги претстави денеска на Малта, на конгресот на Европската народна партија.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×