Велика Британија: Најслаб економски раст во последниве 10 години
Објавено на од во Економија

Зголемената неизвесност околу Брегзит има негативно влијание врз британската економија, којашто минатата година го имала најлошиот раст од почетокот на финансиската криза во 2009 година.

bregzit  bdp

Државниот завод за статистика на Велика Британија објави дека  во 2018 година домашната економија пораснала  за 1,4%, што е најлош резултат  од 2009 година наваму, кога БДП на земјата паднал за 4,2% по избивањето на светската финансиска криза што го загрози целиот банкарски систем во светот.

Британската  економија имала раст од 0,2% во последниот квартал во 2018 година, по 0,6% во претходните три месеци.

Статистиката индиректно посочува на проблематичниот Брегзит како причина за овие слаби економски резултати, иако има доволно показатели за тоа  дека неизвесностите за напуштање на Европската Унија влијаат на економската активност, особено на инвестициите. Во четвртиот квартал, инвестициите паднале за 1,4%, четврт по ред квартален пад по финансиската криза.

Со помалку од 50 дена до 29 март, кога Велика Британија треба да ја напушти ЕУ, компаниите немаат поим што ќе сторат новите трговски односи со ЕУ и тие се претпазливи.

Бен Бретел, економист во Харгривис Ландаун, вели дека инвестициите се “најчувствителни на Брегзит”.

Раководителот на Одделот за БДП на Службата за статистика, Роб Кент-Смит, рече дека забавувањето во последните три месеци од минатата година било особено “брзо” во производството на автомобили и челичната индустрија, што е компензирано со континуираниот раст во услужниот сектор, кој сочинува околу 80% од британската економија.

Брегзит не е единствениот виновник за забавувањето на британската економија. Тензиите меѓу САД и Кина и нестабилноста на финансиските пазари имаат негативно влијание врз глобалниот раст, а голем дел од главните трговски партнери во Европа, како што се Германија и Италија, исто така забавуваа со растот.

Сепак, Велика Британија генерално беше полоша од повеќето развиени економии, а главната причина е Брегзит.

“Не постои сомнеж дека несигурноста од Брегзит е одговорна за разочарувачките бројки, иако проблемите во  глобалната трговија исто така имаат улога”, рече Бретел.

Иако британската економија генерално се одржа подобро од очекуваното веднаш по референдумот во јуни 2016 година, компаниите се’ повеќе се нервозни. Засега нема знаци дека неизвесноста што Банката на Англија ја опиша како маглата “Брегзит” ќе замине наскоро, така што економијата не се очекува да се подобри во првиот квартал од оваа година.

Премиерката Тереза Меј се бори да го спаси договорот за Брегзит, откако беше одбиен од британските пратеници со убедливо мнозинство. Таа сега се обидува да добие отстапки од ЕУ, особено околу контроверзната одредба со која ќе се потврди дека нема цврста граница меѓу Ирска и Северна Ирска.

Не е познато дали Меј ќе добие отстапки, а со тоа се зголемија и стравувања во текот на изминатата недела, дека Велика Британија би можела да излезе од ЕУ без договор, што е најлошото сценарио во кое, според Банката на Англија, британската економија би можела да се намали за 8% во следната месеци, додека вредноста на недвижниот имот ќе падне за една третина.

Аналитичарите сепак се потпираат на заклучокот дека БДП ќе се намали во првото тримесечје од 2019 година, иако потрошувачката на Британците во малопродажната е стабилна.

“Денешните податоци се јасен показател дека несигурноста која произлегува од Брегзит ја обесхрабрува економијата, но не се брзаме да заклучиме дека БДП е на пат кон пад во првиот квартал”, рече Семјуел Тумбс, главен економист во Пантеон Макроекономија.

Тој процени дека солидниот раст на потрошувачката поради ниската инфлација и силниот раст на приходите треба да го задржи БДП на патот на растот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×