Велика Британија останува најатрактивната земја за инвеститорите на Стариот континент
Објавено на од во Економија

Инвестициите во деловен простор во Европа се очекува да достигнат 219 милијарди eвра до крајот на годината, што е за 22% над просекот во последните десет години. Сепак, инвестициите ќе бидат 13% под нивото од 2018 година, кога е постигнат вториот по големина во историјата, објавува Savills.

05erlanger-articleLargeВо првото тримесечје од оваа година инвестициите во деловен простор во Европа достигнаа 44,7 милијарди eвра, што е пад за 21 %  во однос на истиот период претходната година. Пад регистрирале речиси сите земји во Европа, со исклучок на Грција (+ 165%), Романија (+ 161%), Чешка (+ 160%) и Шведска (+ 72%).

Велика Британија е најатрактивна земја за инвеститорите во деловен простор со вкупен волумен во првиот квартал од 14 милијарди eвра, следена од Германија со 11 милијарди eвра и Франција со 4 милијарди eвра. Се зголемува процентот на скандинавските земји во вкупниот обем на инвестиции – 14,5% во однос на 11,2% минатата година.

Намалувањето на обемот на инвестиции е забележан во сите сектори. Сегментот на трговските површини постигна најмногу нагло намалување на активноста со намалување од 39% во однос на првиот квартал на 2018 година. Побарувачката за инвеститорите е сконцентриранa главно во канцелариите кои сочинуваат 41 % од вкупниот обем инвестиции, проследено со алтернативните средства со 30% . Уделот на инвестиции во логистички имот достигна 14%, останувајќи релативно непроменет од минатата година.

“И покрај колебливиот почеток во 2019 година, бизнис имотите во Европа продолжуваат да привлекуваат капитал, и речиси 50% од капиталот е прекуокеански ( САД, Австралија, Канада )”, вели Маркус Лемли, шеф на одделот за “Европски инвестиции” и извршен директор на Savills за Германија. “Недостатокот на расположливи средства останува главна пречка за инвестициската активност. Покрај тоа, силниот ценовен притисок често ги продолжува роковите за финализирање на трансакциите. Во позадината на забавувањето на економијата и геополитичката несигурност побарувачката од инвеститорите на имот во Европа останува силна, а во исто време се засилува побарувачката за квалитетни средства “, додава тој.

Ниските камати и можното продолжување на програмата за квантитативни олеснувања на Европската централна банка (ЕЦБ) ќе продолжат да нудат атрактивен принос за првокласните бизнис имот, прогнозира Savills.

Први знаци на пад на профитабилноста

Просечниот принос од првокласни канцеларии во централни бизнис дистрикти во првиот квартал беше 3,9%, што е пад за седум базични поени во споредба со минатата година, но е со два базични поени нагоре во однос на претходното тримесечје. Ова е прв пад на просечните приходи од првокласни канцеларии во централните деловни единици од вториот квартал на 2012 година.

Во лондонскиот Вест Енд, приносите паднаа за 25 базични поени, како и во Сити во британскиот главен град и Амстердам. Во Дизелдорф и Келн, приносите се намалија за 10 базични поени и останаа непроменети во другите градови.

Разликата во приносот меѓу првокласните канцеларии во централните бизнис дистрикти и канцелариите во периферијата на градовите продолжува да се стеснува до 89 базични поени наспроти 99 базични поени во првиот квартал на 2018 година, поради ограничената понудата на пазарите во централните региони, покажуваат податоците на Savills.

Пад на приносот со една базична точка на годишна основа беше забележан и на централните трговски улици, достигнувајќи 3,41%. Високата побарувачка на инвеститорите за логистички средства продолжува да врши надолен притисок врз приносот. Таа опадна за 43 базични поени на околу 5,15%.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×