Велика Британија планира да го намали данокот на добивка под 15%
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Велика Британија планира значително да го намали данокот на добивка кој го плаќаат претпријатијата на под 15%, најави британскиот министер за финансии Џорџ Озборн.
Ова е прва поважна одлука која Велика Британија ја носи после гласањето на референдумот за излез на земјата од ЕУ. Во интервју за Фајненшл Тајмс тој ја изразил намерата на Велика Британија да воспостави супер-конкурентна економија со ниски даноци. Претпријатијата кои работат во Велика Британија сега имаат обврска да плаќаат 20% данок на добивка, и со намалувањето за 5% земјата ќе има најниски даноци во споредба со сите развиени економии.
Conservative Party Conference 2013“Мораме да останеме фокусирани на патот кој ни претстои и да извлечеме најголема корист од дадената ситуација по референдумот”, изјавил Озборн потенцирајќи дека намалувањето на даноците и значаен потег кој Британија мора да го направи за да ги убеди инвеститорите дека е отворена за бизнис.
Оваа мерка со која Велика Британија би се приближила до Ирска која има данок на добивка од 12,5%, може да ги заинтересира претпријатијата посебно оние кои размислуваат да си заминат заради несигурноста после Brexit. Референдумот кој беше организиран на 23 јуни, на кој мнозинството Британци одлучија да ја напуштат ЕУ, предизвика драстичен пад на фунтата во однос на доларот и потрес на берзите.
Самата најава за намалување на даноците од страна на Велика Британија предизвика реакции дека овој потег би бил фактички првиот чекор во отпочнување на преговорите со ЕУ и дека Британија пред да го направи ова мора да размислува како на ова ќе реагира ЕУ.
“Велика Британија веќе го активира едно од најсилните оружја во овие преговори, а тоа е намалување на даноците и воведување на даночна конкуренција. Разбирам дека Велика Британија го прави ова за да ги предомисли инвеститорите кои размислуваат да ја напуштат земјата и да им понуди некој вид премија ако останат, но мора да размисли како на овој потег ќе гледа ЕУ”, вели Паскал Лами, поранешен претседател на Светската трговска организација (СТО), потенцирајќи дека ако Велика Британија сака win-win ситуација во преговорите со ЕУ, тогаш даночната конкуренција сигурно не е најдобрата опција со која тие би стартувале.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×