Велика Британија протерува 23 руски дипломати – ги прекинува сите контакти на високо ниво со Москва
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Велика Британија ќе протера 23 руски дипломати откако Москва одби да објасни како нервниот агенс направен во Русија, а употребен за труење на поранешниот шпион Сергеј Скрипал, стигнал на нејзина територија.

Премиерката Тереза Меј изјави дека руските дипломати кои имаат една недела да ја напуштат земјата, се идентификувани како „непријавени разузнавачи“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пак, рече дека Русија не ги прифаќа „неоснованите“ обвиненија и ултиматуми на Лондон за труењето на поранешниот шпион. На полноќ истече рокот што Меј ѝ го даде на Русија да објасни како нервниот агенс, развиен во Русија, стигнал во Солсбери, каде се отруени Скрипал и неговата ќерка.

Меј изјави и дека е поништена поканата за посета на рускиот министер за надворешни работи, како и оти се суспендирани сите контакти со Русија на високо ниво, додавајќи дека кралското семејство и министрите нема да присуствуваат на Светското првенство во фудбал што летово ќе се одржи во Русија.

„Русија не даде никакво објаснување како нервниот агенс е искористен во Велика Британија“, рече Меј која го опиша одговорот од Москва како „сарказам, презир и пркос“.

Вчера од руското Министерство за надворешни работи изјавија дека западните медиуми активирале „масовна медиумска кампања со цел да се дискредитира Русија и да се подрие довербата во неа како организатор на Мундијалот“.

Во соопштението Британија е обвинета дека се обидува да му наштети на Светското првенство зашто не може да се помири со губењето на битката за домаќин на истото.

„Нема друг заклучок освен дека руската држава е виновна“, изјави британската премиерка.

Скрипал и неговата ќерка се во критична состојба после труењето.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×