Венера Крлиу-Ханџиски: Децата секојдневно нѐ изненадуваат со своите размислувања, капацитети и таленти
Објавено на од во МАГАЗИН

VK3B5422Венера Крлиу-Ханџиски
директорка на Американска гимназија Скопје

Децата секојдневно нѐ изненадуваат со своите размислувања, капацитети и таленти, и работата со нив е и задоволство, и предизвик. Интересот за Американската гимназија во јавноста е сѐ поголем, и овие успеси сведочат за нашата посветеност на учениците, како и вложувањето во нивните знаења и вештини. Ситуацијата што ја предизвика коронавирусот нѐ пресретна во период на интензивна работа, секојдневни часови и предавања, и неопходно беше брзо да се прилагодиме, со цел учениците да не изгубат континуитет во учењето. За многу кратко време се префрливме онлајн, извршивме обуки, обезбедивме опрема и наставата продолжи преку платформата Webex, во една хибридна форма. Часовите продолжија по распоред, наставниците максимално се вложија, а и учениците, и нивните родители, беа задоволни од начинот на кон функциониравме.
Пред три години во Скопје почна со работа приватното средно училиште Американска гимназија  – American High School Skopje (AHSS), најмладата образовна институција во семејството на Универзитетот Американ Колеџ Скопје.Како што ни изјавија тогаш од менаџментот на училиштето,  идејата им била да им  овозможат квалитетно образование на младите генерации, со цел тие да се стекнат не само со знаења, способности и вештини потребни за продолжување на школувањето на високообразовните институции, туку и да се оспособат за работа и живот во современото глобално општество. Во Американската гимназија се применуваат современи наставни методи и современа образовна технологија, прилагодени на индивидуалниот физички, емоционален и интелектуален развој на учениците, и наменети за стимулирање критичко размислување, проучување и истражување. Притоа, посебно внимаваат и на истакнување на хуманистичките вредности и негување на етичките вредности кај учениците.
Со директорката на  Американската гимназија, д-р Венера Крлиу – Ханџиски, разговаравме околу тоа како во училиштето се справуваат со новите околности во контекст на кризата предизвикана од пандемијата Ковид – 19, односно со спроведувањето на онлајн наставата и сите предизвици што ги носи со себе, како и за идните планови на училиштето.
Се ближи крајот на школската година, денот што сите ученици го очекуваат. Што значи тоа за Вас, како директорка на Американската гимназија Скопје?
За мене и за целиот тим на Американската гимназија, тоа значи завршеток на уште една успешна година. Горди сме на успесите и постигнувањата на нашите ученици, кои учествуваа на значајни натпревари и освоија бројни награди, и задоволни сме со знаењето што успеаја да го стекнат.
Децата секојдневно нѐ изненадуваат со своите размислувања, капацитети и таленти, и работата со нив е и задоволство, и предизвик. Интересот за Американската гимназија во јавноста е сѐ поголем, и овие успеси сведочат за нашата посветеност на учениците, како и вложувањето во нивните знаења и вештини.
Покрај тоа, крајот на школската година за нас значи и своевиден почеток на следната, бидејќи во тек се уписите на нови ученици. Интересот е голем и се радуваме на нашата нова генерација.

VK3B5435

„Неодамна, Американската гимназија Скопје доби одлични оценки од страна на Accrediting Commission for Schools, Western Association of Schools and Colleges, за своето континуирано следење и придржување на процедурите, критериумите и политиката за акредитација на ACS WASC. Со тоа, добивме статус на кандидат за акредитација.“

Неодамна добивте статус на кандидат за акредитација. Што значи ова за самото училиште, како и за учениците во Американската Гимназија?
Неодамна, Американската гимназија Скопје доби одлични оценки од страна на Accrediting Commission for Schools, Western Association of Schools and Colleges, за своето континуирано следење и придржување на процедурите, критериумите и политиката за акредитација на ACS WASC. Со тоа, добивме статус на кандидат за акредитација. Овој статус е од големо значење за нашето училиште, бидејќи е потврда за нашите напори и нашата посветеност на врвното образование. Покрај тоа, овој статус значи и гаранција за самите ученици, како и за нивните родители, дека училиштето овозможува високо ниво на образование, основа за понатамошен успех. Статусот е мошне значаен чекор напред, и секако, поттик и мотивација за уште поголема работа и посветеност на целиот тим.
Здравствената криза за вас значеше почеток на онлајн предавања. Како се прилагодивте и какви се вашите искуства со тоа?
Ситуацијата што ја предизвика коронавирусот нѐ пресретна во период на интензивна работа, секојдневни часови и предавања, и неопходно беше брзо да се прилагодиме, со цел учениците да не изгубат континуитет во учењето. За многу кратко време се префрливме онлајн, извршивме обуки, обезбедивме опрема и наставата продолжи преку платформата Webex, во една хибридна форма. Часовите продолжија по распоред, наставниците максимално се вложија, а и учениците, и нивните родители, беа задоволни од начинот на кон функциониравме. Се изведуваа и предавања, и тимска работа, и писмени, и домашни задачи, без никаков проблем. Секако, децата чувствуваа недостаток од социјализација, си недостигаа меѓу себе, но тоа брзо до надоместија со креативно користење онлајн комуникација и разни апликации. Дури и голем дел од проектите за на училиште ги решија на таков, креативен начин.
 Во пресрет на летниот распуст, какви се вашите планови за следното полугодие? Што очекувате и како се подготвувате?
Штотуку заврши конкурсот за доделување стипендии за упис во прва година и им честитам на добитниците, се радуваме што ќе имаме толку добри ученици од септември. Оваа година Американската гимназија доби голем број апликации од многу супер талентирани и паметни деца, и изборот беше навистина тежок. Во тек се подготовките за наставата од есен и плановите како таа да се изведува. Уписите се во тек, и со задоволство ги очекуваме пријавите на полуматурантите.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×