Венецуела- по стапките на пропастот
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Веќе со години немаат тоалетна хартија, па хотелите им укажуваат на гостите да си ја носат од дома.

gettyimages-1009745874_custom-c6de4d23056c0a42405bea17af8f29007ea8380e-s800-c85

Боливарска Република Венецуела е една од најголемите производители на нафта во светот, а во 60тите години преку нејзиното експлоатирање обезбедила социјален мир и спокој за сите граѓани, давајќи им највисоки плати во Латинска АмерикаПрвата посериозна економска криза во скорешна историја предизвикана од падот на цената на нафтата се случила во 80тите години и довела до либерализација на пазарот. Една година по реформите (1989-1990), БДП на Венецуела од  – 8,3% пораснал за 4,4 %. Но ефектите од реформите биле кратки. Ниту 90тите не донеле нешто подобро- инфлацијата била енормно висока, невработеноста исто, а при крајот на милениумот куповната моќ паднала на третина од онаа во 1978 година.

Овие две случувања се поклопиле со номинацијата на Хуго Чавез за претседателските избори. Тој ветил дека ќе се грижи за сиромашните кои во тој момент го сочинувале половина од населението во земјата. Чавез во 1999 година станал претседател на Венецуела и извршил национализација на многу компании, вклучувајќи ги и нафтените. Тоа била многу радикална мерка, зашто во вкупниот извоз на земјата нафтата учествува со 95%. Идејата била огромните профити од овој сектор да се преусмерат онаму каде се најпотребни. Но, како често бидува во државите со слаби институции, добар дел од тие пари завршувал на приватните сметки на луѓето кои биле дел од оваа игра.

Државата го присвоила нафтениот сектор, но не знаела како да управува со него. Затоа Венецуела сега произведува половина од количината нафта што ја произведувала во 90тите, а некогаш е приморана и да ја увезува?!

Во текот на владата на Чавез, кога цената на нафтата била висока, Венецуела имала доволно пари да вложува во социјални програми, бесплатно здравство и унапредување на квалитетот на животот на најзагрозените преку изградба на 2 милиони социјални станови и на други начини. Ова било приоритет, зашто гласачкото тело на Чавез било составено од овие луѓе. Затоа, како би им ги овозможил основните намирници, тој вовел контрола на цената. Производителите и трговците сега не можеле сами да ја одредуваат цената на робата, чин кој предизвикал многу луѓе да ја напуштат работата едноставно затоа што не им се исплатело. Ова, заедно со дефицитот на девизите потребни за увоз, предизвикале значајни недостатоци на храна и други основни потреби во Венецуела. Чавез дури ги национализирал и менувачниците- во 2003 година, ако сакале да купат долари, граѓаните морале до власта на доставуваат доказ за што им требаат девизите, а како добра причина се сметала т.н. „увозничка работа“. Ретки биле оние кои можеле да купат девизи, со што се предизвикал развој на црниот пазар и голема инфлација.

Хуго Чавез во 2013 година почина од рак, со локални шпекулации дека ракот бил предизвикан „со американско тајно оружје против левичарскиот лидер во Латинска Америка“. За наследник тој го именуваше Николас Мадуро, кој предходно бил возач на автобус, па министер, па заменик претседател. Застанувајќи на чело на државата, Мадуро вети дека ќе ја продолжи политиката на Чавез. Во 2014 година, кога почна повеќегодишниот пад на цената на нафтата, Венецуела одеднаш снема пари за социјални програми и грижа за сиромашните, како и за нормално функционирање на државата.

Ситуацијата дополнително ја влоши лошиот однос на државата кон приватните претпријатија, чии стопанственици Мадуро ги смета за крадци и експлоататори. Тој став ги истера и најупорните инвеститори во Венецуела, па само после една година од неговото владеење земјата се најде во сериозна рецесија, со инфлација која во 2016 година достигна 800%, а ММФ предвидува дека оваа година ќе изнесува повеќе од милион %.

Бројот на сиромашните сега го сочинува 90% од населението. Според истражувањето Venezuela’s Living Conditions Survey, 75% од населението на оваа земја поради глад во просек изгубило 8,7 килограми телесна тежина.

Освен што немаат пари за храна и останати основни намирници, проблем е и што веќе тешко се наоѓа, или воопшто нема, и млеко, месо, кафе, ориз, зејтин, брашно и тоалетна хартија. Веќе со години тоалетната хартија ја нема во Венецуела, па тамошното хотелиерство ги предупредува своите гости кога доаѓаат да си земат од дома тоалетна хартија.

Соседната држава Тринидад и Тобаго и’ понудила на Венецуела тоалетна хартија во замена за нафта, но не е познато како течат преговорите за оваа натурална размена.

Сè повеќе недостасуваат и неопходни работи во здравствениот сектор, а освен лекови, хируршки и медицински помагала, сè помалку има и стручњаци со оглед на големиот одлив на квалификувана работна сила од оваа земја. Според последното истражување на Народното Собрание на Венецуела, лабораториите низ земјата не функционирале, а немало ни функционални сали за операции. Ова довело до зголемување на стапката на смртност во бременоста за 66%, а смртноста на новороденчињата за 30%.

Страшен е и податокот дека 79% од здравствените институции не се редовно снабдени со вода. Ова е случај и со приватните домаќинства- во многу делови на земјата струјата и водата повремено доаѓаат и си одат, па така на граѓаните на Венецуела не им е загарантиран ниту минимумот цивилизиран услов за живот.

За суровата вистина многу граѓани на Венецуела ги обвинуваат санкциите кои им ги наметна САД, што не е изненадување со оглед на тоа што Мадуро ги користи сите оружја за да ја уништи опозицијата и да ги контролира медиумите. Сепак неговиот начин на владеење, барем според истражувањата за јавното мислење, за повеќе од половина граѓани на Венецуела не е автократски, напротив, тие веруваат дека Чавез бил добар претседател, а значаен дел од нив мисли дека Мадуро добро ја работи својата работа.

Кога САД ги воведоа санкциите на Венецуела во 2015 гоидина, оваа држава веќе беше во економска криза, па можеби затоа тие мислат дека тоа е причината за кризата. Секако дека санкциите дополнително ја влошија ситуацијата. Американците прво воведоа виза за официјалните владини лица на Венецуела кои наводно учествувале во насилното придушување на студентските и опозициските протести и им го замрзнаа имотот и банкарските сметки на територија на САД. Потоа во 2017 година воведоа санкции на членови на Врховниот суд на Венецуела на сличен начин како предходните, но најлошата санкција дефинитицно беше забраната за купување на државни обврзници и други хартии од вредност од венецуелијанските државни претпријатија. Освен тоа, и’ беше оневозможен и пристап до долари, што дополнително ја влоши хуманитарната криза зашто со оваа валута луѓето купуваа храна и лекови од увоз.

Во меѓувреме, цената на нафтата порасна, но тоа не и’ помогна многу на Венецуела. Иако 2017 година извозот од Венецуела порасна од 28 милијарди на 32 милијарди долари, таа немаше начин како да ги увезе основните намирници, па и увозор истата година падна за 31%.

Секако, главната цена на санкциите и недостигот на храна ја плаќаат граѓаните, а не Мадуро и елитата околу него, па се поставува прашањето за ефикасноста од овие санкции. САД тврдат дека во Венецуела сè помалку се почитуваат човековите права, дека криминалот е висок, дека милиони луѓе емигрираат во околните држави а оние кои не успеваат во тоа умираат од глад и недостаток на лекови.

Сепак, колку и да не ја легитимитираат, Мадуро повторно ја доби власта и го осигура мандатот до 2025 година. Најави и ново средство за плаќање- криптовалутата петро, и избриша 5 нули од официјалната валута боливар како одговор на хиперинфлацијата.

Минатата недела опозицискиот лидер Хуан Гуаидо се самопрогласи за претседател на Венецуела, а поддршка уште истиот ден доби од САД, Канада и соседните земји. Русија и Кина го поддржуваат Мадуро, а го поддржува и сопствената војска. Во Јули 2018 година тој унапреди околу 17.000 војници за нивната лојалност по патот на Чавез кој ја донесе војската до министерски позиции. Тешко дека тие своеволно ќе го предадат Мадуро.

Во меѓувреме санкциите на САД продолжуваат- денес ги воведоа кон државното претпријатие за нафта и гас PDVSA, нарекувајќи ја корумпирана.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×